13 шумски пожари во Албанија

Одделот на албанската Цивилна заштита задолжен за вонредни состојби денеска соопшти дека во текот на изминатите 24 часа на територијата на Албанија избиле 13 нови шумски пожари. Во операциите за гасење на пожарите се ангажирани 50-тина пожарникари во 15 противпожарни возила, на кои им помагаат и припадници на полицијата и војската, како и доброволци и вработени во шумските служби. Во соопштението се наведува дека поради топлото време постои голема опасноста од избувнување на нови пожари.