13 традиционален концерт “Песни и ора од Егејот“

На 7 октомври 2017 година со почеток во 18 часот, во Домот на АРМ ќе се одржи 13 традиционален концерт “Песни и ора од Егејот“ во организација на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија.

На концертот ќе учествува Фолклорна група од Каљарско, Егејска Македонија и КУД “Никола Јонков Вапцаров“ од Скопје. Со македонски народни песни пред публиката ќе се претстават Сузана Спасовска, Жикица Перо, Јулијана и Драгица Марковска.