Адем Хоџа од областа Гора, Косово нов пратеник во косовскот парламент

Во новиот состав на косовскиот парламент, во десетте загарантирани пратенички места за немнозинските заедници, место обезбеди партијата „Единствена горанска партија“. Партијата успеа да го обезбеди дури повеќе гласови од потребниот лимит на гласови за пратеничко место и со тоа нејзин претставник во косовскиот парламент ќе биде дипломираниот инженер, Адем Хоџа, кој беше носител на листата.

Чест ми е што ќе ги претставувам моите Горанци во косовскиот парламент, но во исто време е голема обврска која ќе се трудам максимално доследно да ја обавувам. Секако главна моја задача во име на сите е подобрување на положбата на горанската заедница, зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово.

Од партијата не го кријат задоволството од добиената поддршка, која првпат ја добиваат на целата терторија на Косово, а не само на подрачјето на Гора.Навистина за нас овие избори се историски. Тоа поради фактот што нашата листа доби голема поддршка не само во областа Гора, туку на целата територија на Косово. Тоа ни влева надеж да продолжиме со нашите залагања за унапредување на правата, но и подобрување на условите за живот во селата на Гора за да се стопира миграцијата на младите, велат од партијата.

На кандидатската листа на партијата се најдоа 13 кандидати од разни делови на областа Гора, млади, вредни, образовани личности, меѓу кои и четири жени. Во трка за пратенико место учествуваа и остантите три партии на Горанците, Социјал демократска партија на Гора, Граѓанската иницијатива на Гора и Движење за Гора, кои не успеаа да го обезбедат потребнот број гласови. Во областа Гора, во падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед, познати под името Горанци .