Албанија ќе ги бара исчезнатите во режимот на Енвер Хоџа 

Албанската Влада го одобри Договорот со Меѓународната комисија за исчезнати лица (ИЦМП) за отпочнување на процес за пребарување и идентификација на дел од илјадниците жртви на режимот на комунистичкиот лидер Енвер Хоџа. Со Договорот, Владата ќе ја ангажира ИЦМП за истражување, барање и идентификација на дел од речиси шесте илјади Албанци кои биле убиени или исчезнати за време на 45-годишната комунистичка власт во земјата, процес кој почнува по околу три децении по падот на режимот. ИЦМП обезбеди грант од ЕУ од околу 450.000 евра за отпочнување на пребарувањето и идентификација преку ДНК анализа.