Албанија: Масовни студентски протести (ВИДЕО)

Студентските протести во Албанија денеска покрај Тирана се проширија и во Драч, Елбасан и Корча. Денешните протести ги карактеризира и зголемената масовност на студенти од речиси сите државни факултети.

Делови  од центаrот на Тирана неколку часови беа целосно блокирани. И покрај тоа што министерството за образование го обезбедуваат голем број на припадници на полицијата, сепак до овој момент нема судири помеѓу демоnстрантите и припадниците на јавниот ред и мир. На неколку наврати кон зградата на министерството беа фрлани тоалетни хартии и други предмети, но полицијата не реагираше.

Напладне министерката за образование на Албанија, Линдита Никола, изјави дека тарифите за студирање не се покачени, и додаде дека ако има одредени промени во однос на другите студентски плаќања тоа се одлуки на Универзитетите, а не на министерството. По оваа иззјава студентите не се повлекоа и нагласија дека тие бараат исполнување на четири барања, кои се однесуваат не само на тарифите за кои сметаат дека се покачени туку и плакање на тарифите на рати и други ослободувања на студентите .

Владата во Тирана најави дека попладне повторно ке се обрати министерката за образование за да го изнесе конечниот став на владата на Еди Рама околу барањата на студентите. Во меѓувреме опозицијата во Албанија дава силна подршка на протестите кои добиваат во динамика. Провладинииот печат во Албанија оценува дека протестите на студентите ги организира и опозицијата.

Advertisement