Албанија за осум месеци азил побарале 3.000 Сиријци

Сириските државјани стануваат се побројни подносители за азил во Албанија, според претставникот на УНХЦР, Пабло Запата, во периодт јануари-август годинава за азил аплицирале 3.000 Сиријци, за разлика од лани кога во текот на целата година имало 307 апликации. Илјадници бегалци од Сирија ја преплавија Албанија, извори од мисијата на ЕУ во Тирана го нарекоа овој феномен злоупотреба на системот за азил, додека од Министерството за внатрешни работи велат дека има повеќе од 500 вистински баратели на азил чии апликации се разгледуваат.

Истиот извор за Македонски весник “Илинден” додава дека албанските власти се плашат оти заострените европски политики за приливот на бегалци ќе донесат бескрајна неизвесност за оние што се во моментов. Албанија нема капацитет да прими голем број баратели на азил и да обезбеди услуги според стандардите на ЕУ. Затоа нам ни е неопходна помош од ЕУ, албанската заменик-министерка за внатрешни работивели Ровена Вода. Инаку, на територијата на Албанија годинава за осум месеци се откиени се неколку илјади илегални мингранти, главно од Сирија, но и од палестинските територии и Пакистан.