Албанската полиција заплени 1,5 тони марихуана наменета за Италија

Еден и пол тони марихуана биле запленети која била наменета за Италија. Во акцијата биле уапсени пет лица, меѓу кои и еден полициски офицер кој е брат на заменик командирот на граничната полиција во Скадар. Акцијата ја спровеле припадници на единицата за брза интервенција, откако групата била следена подолг период.

Advertisement