Албанската влада побара помош од НАТО за гасење на пожари

Според министерот за внатрешни работи, Дритан Демирај, побарана е помош од хеликоптери поради недостапните места каде што се лоцирани пожарите.„Ние сме во постојан контакт со претставниците на НАТО и надлежните во Црна Гора и Грција“, изјави Демирај за албанските медиуми.

Моментално, според албанските власти, во земјата дивеат 12 големи пожари, од кои шест се со големи размери. Најпроблематични се пожарите во планинските зони во Скадар и во делови на јужна и источна Албанија.