Албански брод блокиран во Либија поради нелегален транспорт

Албански трговски брод, кој пловел за Малта, е запрем од воената морнарица на Либија под обвинение за нелегален транспорт на стока. Бродот „Енви1“, кој пловел под знамето на Панама, а чиј сопственик е Албанец, испловил од пристаништето Зуара на 110 километри од Триполи, а крајната дестинација била Малта. Во текот на пловидбата бил пресретнат од воените поморски либиски патроли кои му наредиле да се закотви во пристаништето Зауја, пристаниште главно за горива кое се наоѓа на 50 километри западно од Триполи, стои во службениот билтен на Албанската поморска стража.

Капетан на бродот бил црногорскиот државјанин Марко Марковиќ, кој е упасен поради сомненија дека нелегално транспортирал градежен материјал, вклучувајќи и песок. Осумчлениот екипаж го сочинувале петмина морнари Малиќ Бушати, Авни Бузи, Артур Селимај, Џодет Челај и Јурген Бала. Освен капетанот и првиот и вториот офицер на бродот биле црногорски државјани.

Извори од Капетанијата на албанското пристаниште Драч, потврдиле дека бродот „Енви1“ од ова пристаниште испловил празен на 5 септември во правец на пристаништето Зуара во Либија, каде и е блокиран од тамошните власти. Од Министертвото за надворешни работи изјавиле дека се во постојан контакт со амбасадата во Каиоро, која ја покрива и Либија, и либиската амбасада во Тирана.

Advertisement