Амбасадорката на Република Македонија во Обединетото Кралство ги предаде акредитивните писма на Кралицата

На 8 ноември 2018 година, новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Александра Миовска, на Кралицата Елизабета Втора и ги предаде акредитивните писма за нејзиното именување и отповикувачките писма за нејзиниот претходник.

На аудиенцијата во Бакингемската палата, амбасадорката Миовска ги пренесе поздравите од Претседателот на Републиката. Амбасадорката ја искористи приликата да ја пренесе благодарноста од Република Македонија за Обединетото Кралство и целокупната британска поддршка во изминатите 25 години, од воспоставувањето на дипломатските односи во 1993 година.

Во чест на предавањето на акредитивните писма, амбасадорката Миовска организираше традиционален прием „Vin d’Honneur“, за претставници од дипломатскиот кор,  претставници од Форин Офис, Парламентот на Обединетото Кралство, како и претставници од дијаспората. На присутните со пригодни говори им се обратија маршалот на дипломатскиот кор Алистер Харисон и амбасадорката Миовска.