Амбасадорот Жбогар ја претстави Стратегијата за западен Балкан пред претседателот Иванов

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими шефот на делегацијата на Европската унија во Република Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар.На средбата амбасадорот Жбогар пред претседателот Иванов ја претстави Стратегијата за западен Балкан и клучните аспекти во документот. Стратегијата претставува јасна порака со која се изразуваат одредени очекувања од земјите од западен Балкан, но и верба, дека истите можат да се исполнат, со што би одговориле на предизвикот за добивање на покана за полноправно членство во ЕУ до 2025 година.

Претседателот Иванов изрази задоволство од објавувањето на Стратегијата за западен Балкан, оценувајќи дека со документот уште еднаш се потврдува европската иднина на регионот. На средбата претседателот Иванов го повтори очекувањето Република Македонија да добие датум за отпочнување на преговорите за полноправно членство во Европската унија, што ќе даде дополнителен мотив за продолжување на реформскиот процес во земјата.

Advertisement