Антимакедонски пароли на погребот на убиениот Грк Кацафис во Албанија (ВИДЕО)

Денеска во селото Буларат кај Ѓирокастро во јужна Албанија на погребот на убиениот Констандин Кацифас од страна на албванската плиција присуствуваат околу 2 илјади Грци , а погребот беше проследен и со бројни антиачбански и антимакедонски повици и пароли. Покрај бројните грчки знамиња во селото имаше и бројни пароли на кои покрај другото пишуваше дека „Македонија е Ворио Епор –Грчка“, „Албанија е Ворио Епир“, „Бегајте Албанци, ова е Грција“ и тн. Албанските медиуми јавуваат дека иредентистичкитре пароли и извици со антиалбанска и антимакедонска содржина биле извикувани и носени од познати членови на ,,Златна Зора“ кои биле дојдени од Грција. Истите извори наведуваат дека албанската плиоција не реагирала и покрај тоа што била присутна во селото. На погребот учествуваше и грчката европратиничка Елени Теочаоус и таа пред погребот за весникот ,,Дита,, упатила критики на адреса на албанската полиција која е обвинета за убиството на Кацафис и притоа рекла дека „не се влегува во ЕУ со крв“ . На погребот на кој доминирале членови на есктремни здруженија на Грција, Вангел Дуле, лидер на партијата на грчкото малцинство во Албанија , ,,Партијата за човекови права ,, изјави дека ,,мора некој да одговара за убиството на етничкиот грк од Албанија.

Албанските медиуми оценуваат дека големиот број на присутни Грци во Буларат во Албанија кои носеа пароли против Албанија и Македонија се само доказ дека од Грција на погребот биле дојдени екстремисти кои отворено  се залагаат за присвојување на делови на Албанија и Македонија. Погребот на Кацифас кој беше убиен на 28 октомври годинава од страна на специјалните полициски сили на Албанија – Ренеа во селото Буларат кај Ѓирокастро во областа Дропул поради пукање со калашников од страна на Касифас кон албанската полиција , се одвиваше без инциденти но во тензична атмосфера. Албанските медиуми информираат дека Кацифас кој имал албабнско и грчко државијанство и ги носел презимињата Кацифа во Албанија и Кацифас во Грција , бич член на екстремистички организации во Грција и таквите активности ги организирал и во неговото родно место во Албанија селото Буларат. Албанските аналититчари наведуваат дека денешните иредентистички пароли и извици од страна на грчките државијани ке ги зголемат политилчките тензии меѓу Тирана и Атина, и ге влијаат негативно во конечното утврдување на текстот на Спогодбата на Албанија и грција која беше во финална фаза. Како што известуваа грчките медиуми денови, Кацифас учествувал на протестите за името Македонија.