Author Archives: Весник Илинден

Во Грција организација од Лерин почнува со бесплатни онлајн курсеви по македонски јазик

Центарот за македонски јазик во Грција е новоформирана невладина организација која се обидува да го заштити и промовира македонскиот јазик во Грција. Од денеска Центарот почнува со бесплатни онлајн курсеви по македонски јазик за почетници. Курсот е наменет за граѓаните на Грција кои имаат малку или немаат воопшто познавање на стандардниот македонски јазик, за сите возрасни групи. Сите лекции се достапни во ...

Read More »

Николоски: Македонскиот јазик е жив и никој не може да го избрише

Македонскиот јазик е македонски чист, наш! Го зборуваме ние Македонците кои живееме во Република Македонија, но и Македонците кои живеат во Пиринска и Егејска Македонија! Македонскиот јазик има убави дијалекти – Скопски, Охридски, Битолски, Велешки, Струмички, но и Петрички, Горноџумајски, Драмски, Солунски, Лерински, Воденски … Македонскиот јазик е жив и никој не може да го избрише!, пишува на социјалната мрежа ...

Read More »

Македонија и Албанија ги започнаа пристапните преговори со Европската Унија 

Пред одржувањето на меѓувладината конференција, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, денес се сретна со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка, Петр Фиала, како претставник од чешкото претседателство. Веднаш по средбата, Фон дер Лајен, Ковачевски, Рама и Фиала дадоа изјави за медиумите. Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, изјави ...

Read More »

Отворен Балкан: Македонија, Албанија и Србија со заедничка цел на поврзување на младите од регионот

На состанокот на Регионалната канцеларија за соработка на младите што денес се одржа во Белград, на кој присуствуваа министерот за млади и спорт на Србија, Вања Удовичиќ, државниот министер за млади и деца на Република Албанија, Бора Мужаќи, директорот на Агенцијата за млади и спорт на Македонија, Наумче Мојсовски, како и претставници на владите и младите, разгледани се можностите што ...

Read More »

Однесувањето на Бугарија кон Македонија беше срамотно, истакна Рама

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“ меѓу другото се задржува и на евронтегративниот процес, при што однесувањето на Бугарија кон Македонија го нарекува срам. Начинот на кој Бугарија се однесуваше кон Македонија беше срам. Софија повеќе не подели отколку што не обедини. Се надевам дека тоа ќе се промени сега – изјавил Рама, јави „АБЦ ...

Read More »

Проф. д-р Катерина Тодороска: Несудените домазети

Проф. д-р Катерина Тодороска Несудените домазети (драма во неколку чина) Чин 1 Ликови: – Русин, прв стројник; – Султан, втор стројник; – Македонија, посакуваната невеста; – Бугарин, несудениот зет; – Европа, загрижените роднини. Сцена прва. После двегодишни борби меѓу Русинот и Султанот. На 3 март 1878 година во местото Сан Стефано, близу Цариград, Османлиска Империја. Русинот: Нашата борба покажа колку сум  понадмоќен од тебе. Затоа, ...

Read More »

Стерјовски и Османи побараа областите Голо Брдо и Гора да бидат посебни општини, а Пустец да биде именувана во општина Преспа

Претседателот на македонското друштво „Сонце“, Васил Стерјовски и потпретседателот на македонското друштво „Мост“ Едмонд Османи, денеска од посебната собраниска комисија „За административно-територијална реформа во Република Албанија“ побараа формирање посебни општини Голо Брдо и Гора, што е барање на жителите уште при донесувањето на законот во 2014 година. Исто така во име на Македонците од Мала Преспа, Стерјовски побара општина Пустец, ...

Read More »

Македонските организации во Бугарија протоколот не ги штити интересите на македонското малцинство

Mакедонските организации во Бугарија реагираат за Протоколот меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 17 јули 2022. Протоколот, велат, не е реципрочен, ниту е рамноправен. Не ги штити интересите ниту на македонското малцинство, ниту на македонската нација, ниту на Република Македонија. Реакцијата ја пренесуваме интегрално: „Протоколот не е реципрочен, ниту е рамноправен. Не ги штити интересите ниту на македонското малцинство, ниту ...

Read More »

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Стерјовски освари средба со амбасадорот на Романија во Албанија, Шербан

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски освари средба со амбасадорот на Република Романија во Република Албанија, Октавиан Шербан. На средбата се разговараше за положбата на македонското национлно малциство и другите малцинства во Република Албанија и предизвиците со кои се соочуваат малциствата.

Read More »

Државниот Архив во соработка со „Британската библиотека“ почна дигитализација на заоставштината на Браќата Манаки

Државниот архив, во соработка со ,,Британската библиотека”, во наредните две години ќе го дигитализира целокупниот материјал и заоставштина на браќата Манаки. Проектот за соработка со ,,Бритиш лајбрери” и за дигитализација на целокупното творештво на браќата Манаки веќе е потпишан од страна на директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, а, разбирливо, овој проект главно ќе го води екипа на Државниот архив ...

Read More »