Author Archives: Весник Илинден

131 година од смртта на македонскиот великан Григор Прличев

На денешен ден во 1893 година во Охрид починал Григор Прличев, еден од темелните македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите „Сердарот“, „Скендербег“ и „Хилјада и седемстотин шестдесет и второ лето“, како и познатото дело „Автобиографија“. Со поемата „Сердарот“, која ја напишал во своите студентски години и за која на поетски конкурс во Атина добил Ловоров ...

Read More »

Централниот совет на Македонците во Германија апелира до македонската влада да се продолжува рокот за замена на патните документи

Централниот совет на Македонците во Германија денеска итно апелира кон владата на Германија и претставниците на медиумите да го свртат вниманието на предстојниот предизвик во врска со македонските патни документи. Предстојниот рок за замена на патните документи претставува сериозна пречка за македонската заедница во Германија, особено за оние кои уште располагаат со документи со името на државата “Република Македонија”. Околу ...

Read More »

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод петнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод петнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на ...

Read More »

Потпишан договор за заемно признавање на пензиите меѓу Италија и Албанија

По околу 10 години интензивни преговори, Италија и Албанија денеска го финализира меѓусебното признавање на социјалното осигурување, односно заемното признавање на пензиите. Овој долгоочекуван договор за албанските граѓани кои живеат и работат во соседната земја, во Рим, го потпишаа министерот за надворешни работи на Италија Антонио Тајани и албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани. Се очекува имплементацијата ...

Read More »

Централниот Совет на Македонците во Германија упати честитка за 15 годишнината од основањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Честитка за 15-годишнината на Македонското друштво “Илинден” во Тирана и Поздрав од Централниот Совет на Македонците во Германија Македонското Друштво “Илинден” во Тирана го прославува својот 15-годишен јубилеј и ги истакнува значајните постигнувања во текот на годините. Во овој период, друштвото одржа многу средби со државните институции и локалната власт за заштита на правата и позицијата на македонското малцинство во ...

Read More »

Петнаесет години постоење на Македонското друштво “Илинден”-Тирана

  На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат петнаесет години од неговото постоење и работа.  Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана, а со цел заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет на Македонско национално малциство во Република Албанија. Од особено значење за ...

Read More »

Поглаварот на Македонската Православна Црква – ОА г.г. Стефан „Крајно време е да видиме дека Македонија не е само географија, туку библиска земја со свето име“

Чествувањето на 152 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата Св. Спас почна со панихида со која чиноначалствуваше г.г. Стефан во сослужение на повеќемина свештенослужители на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). „Споменот за Гоце останува и љубовта кон него не се намалува. Не треба да размислуваме само колку се гордееме со Гоце, туку и колку ...

Read More »

Полицијата во Тирана разби косовска група шверцери на оружје, муниција и експлозив

Полицијата во Тирана разбила криминална група, составена од косовски државјани, кои нелегално од Косово внесувале експлозив, оружје и муниција во Албанија. Запленети се 203 калапи тритол наменети за употреба на криминални групи во Албанија, кој го продавале по цена и до 5 илјади евра. Секој калап е тежок по 40 килограми. Исто така запленети се и 4 парчиња огнено оружје-пиштоли, ...

Read More »

Николоски од Швајцарија: Македонците во дијаспората ги мачи криминалот, корупцијата и лошите услови во Македонија (ВИДЕО)

Прашање: Господине Николоски, кои се главните пораки кои беа испратени од трибината во Лозана? Николоски: Како што кажавте, имаме еден интензивен викенд на средби со сите оние кои што сакаат да не сретнат да поразговараме. Имавме средби со претставниците на задграничните комитети од повеќе држави на кои што поразговаравме организациски во пресрет на претстојните претседателски и парламентарни избори. Потоа бевме ...

Read More »

Мета во посета на Македонците во Мала Преспа

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета денеска престојуваше, како што вели, меѓу прекрасната македонска заедница во Мала Преспа. „На големо задоволство на македонските граѓани во Пустец, денеска во посета беше поранешниот  претседател на Албанија, Илир Мета, кој редовно ја посетуваше Преспа и кога беше шеф на државата, информираше лидерот на огранокот на партијата за ...

Read More »