Author Archives: Весник Илинден

Воени лидери на Русија и САД се сретнаа во Финска

Разговорите меѓу началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов и неговиот американски колега Марк Мили биле конструктивни, објави руското Министерство за одбрана, објави новинската агенција Интерфакс. Двајцата разговарале и за други прашања од заеднички интерес, иако не биле откриени детали. Русија ги смета САД за делумно одговорни за ситуацијата во Авганистан по хаотичното повлекување и преземањето на талибанците минатиот ...

Read More »

Земјотрес од 3,9 по Рихтер во Албанија

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер, попладнево е регистриран во североисточниот дел на Албанија. Потресот беше во 16:04 часот, со епицентар  на шест километри од градот Клос, односно 24 киломери североисточно од Тирана, а е почувствуван во Круја, Тирана, Пешкопеја  и други градови во Албанија. Потрес со послаб интензитет беше почуватвуван и во западниот дел на Македонија, посебно во дебарскиот ...

Read More »

Поддршка од премиерот на Унгарија, Виктор Орбан за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и државата

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д–р Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, г. Александар Николоски остварија средба премиерот на Република Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕШ, Виктор Орбан. На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања. Една од темите беше справувањето со Ковид кризата која преставува заеднички предизвик на државите од Европа, при што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ја ...

Read More »

Во Албанија почна задолжителната вакцинација на универзитетските професори и студентите

Врз основа на одлуката на Комитетот на експерти денеска почна задолжителната вакцинација против Ковид-19 за студенти и професори на сите универзитети во Албанија. Веста ја објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу, наведувајќи дека овој процес се реализира како една гаранција повеќе за новата академска година. Вратите на универзитетите се отворија порано, за да се вакцинираат професорите и студентите, како дополнителна ...

Read More »

„Единствена Русија“ со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Пет партии – „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално – демократската партија, „Праведна Русија – за вистината“ и „Нови луѓе“ влегуваат во Државната дума по обработката на 40 отсто од гласовите, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Русија. Конечниот одѕив на тридневните парламентарни избори ќе биде објавен денеска, изјави Николај Булаев, заменик-претседател на Централната изборна комисија. „Единствена ...

Read More »

Македонската православна црква – Охридска архиепископија православните христијани на пописот да се изјаснат како православни христијани

Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ги повикува сите православни христијани, при пописот на населението, да ја искористат можноста, во делот за религиозна припадност, да се изјаснат како православни христијани, бидејќи таа опција постои во методологијата за попишување, а попишувачите се обврзани таквата определба да ја заведат при пописот. Православен христијанин – е јасна ...

Read More »

Mакедонскиот репрезентативец Ристо Клопчевски е првото засилување на ОК Вардар за наредната натпреварувачка сезона

Повремениот македонски репрезентативец Ристо Клопчевски е првото засилување на ОК Вардар за наредната натпреварувачка сезона. Средниот блокер кој важи за „дете на Вардар“ минатата сезона ја мина во дресот на Тетовски Универзитет, но летово постигна договор со управата на „црвено-црните“ за камбек во матичниот клуб. Со трансферот на Клопчевски „вардарци“ ја потенцираат желбата за составување на квалитетен тим, во кој ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на интернет заседанието на Генералното собрание на Федералната унија на европски националности

Во 11. 09. 2021 година се одржа Собранието на делегатите на ФУЕН 2021 година во Трст, Италија. Покрај другите, во работа на состнокот учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај. Македонското друштво “Илинден“-Тирана како членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), истовремено е и дел на работната група на словенските малцинства во ФУЕН. Македонско друштво ”Илинден” ...

Read More »

Албанскиот парламент ја одобри новата влада на Рама

Албанскиот парламент ја одобри новата влада во која доминираат жени по пет месеци од одржувањето на парламентарните избори и убедливата победа на Социјалистичката партија која му овозможи на премиерот Еди Рама трет мандат. Дванаесет од 17 министри и државни секретари се жени, со што земјата се искачи на врвот на глобалната ранг листа според процентот на жени кои се на ...

Read More »

Зелено светло од ЕУ за прифаќање на Ковид сертификатите од Албанија

Дигиталните Ковид сертификати од Албанија ќе бидат прифатени во земјите од Европската Унија. Ова денеска го потврдија од Европската Комисија. Освен за Албанија, ЕУ даде зелено светло за сертификатите од Андора, Израел, Мароко, Монако, Панама и Фарските Острови. Со оваа одлука патниците од овие седум земји ќе можат да патуваат во ЕУ под истите услови како и другите земји членки на ...

Read More »