Балканот и ризикот од терористичките организаци

Во последно време во германските медиуми беа објавени написи во врска со обидите на терористичката организација ДЕАШ (ИСИС) за стекнување со нови приврзаници од Западен Балкан како и заканите насочени против Германија.  Причината за објавувањето на овие написи беа реториките во врска со тврдењето дека германските разузнавачки служби покажуваат се поголемо интересирање кон Балканот и особено Босна и Херцеговина. Во тие рамки беше изнесено тврдењето дека активно се одржува соработка меѓу екстремните верски групи на Балканот и во Германија. Покрај тоа што постојат докази за пораст на радикализмот на Балканот, германските медиуми Балканот го претставија како регион во кој се раѓа закана од тероризмот. Додека Балканските земји од една страна тврдат дека немаат никакви информации за остварување евентуални терористички напади, од друга страна пак владее страв дека меѓу мигрантите и бегалците кои секојдневно влегуваат во Балканските земји, постои веројатност да има и приврзаници на ДЕАШ кои тајно се обидуваат да пристигнат и влезат во западна Европа.

Објавувањето на некои видео снимки на интернет предизвикаа дискусии во врска со постоењето на ДЕАШ на Балканот. На пример, терористичката организација ДАЕШ во јули 2015 година на интернет објави видео преку кое го изнесе тврдењето дека наскоро ќе го ја презеде контролата над целиот Балкан. На едно друго видео кое беше објавено на 5 јуни 2015 година пак може да се види како терористичката организација од муслиманите на Балканот или во Сирија бара да се приклучат кон ДАЕШ или пак да извршат напади во земјата во која се наоѓаат. На тој начин беше утврдено дека ДЕАШ, интернетот и социјалните медиуми, освен тоа што ги користи за вршење на својата пропаганда, исто така ги користи за стекнување нови приврзаници како и собирање пари. Оваа пропаганда најголемо влијание имаше врз Вахабистите на Балканот. Според извештајот на Косовскиот центар за безбедносни медиуми, освен социјалните медиуми, пропагандата на ДАЕШ се вршеше по некои џамии и куќи во Македонија, на Косово и во Албанија.

Со цел да се спречи заминувањето на луѓето во судирите во Ирак и Сирија, сите Западнобалкански земји извршија низа законски промени со кои се забранува заминувањето на луѓето во наведените земји и се предвидува казнување на сите оние кои што ги поттикнуваат и финансираат овие активности. Во тие рамки се реализираат активности за утврдување на сите оние кои што учествуваат или сакаат да се приклучат на војните на Блискиот Исток. Освен тоа се интензивира соработката со исламските заедници кои многу полесно и побрзо можат да ја утврдат радикализацијата. Исто така се вложуваат големи напори за остварување регионална и меѓународна соработка за водење поефикасна борба против странските терористи. Во тие рамки се планира развој на програми за рехабилитација на сите оние кои што учествувале во војни на странските фронтови како и надминување на причините кои предизвикуваат радикализација.

Во период кога се остваруваа сите овие активности, официјалните претставници на балканските земји, вложуваа големи напори да не се предизвика непотребна паника кај граѓаните. Додека медиумите се обидуваат да ја информираат јавноста за учеството на борците во судирите на Блискиот Исток од Балканско потекло, повремено без да внимаваат многу и да ја направат разликата меѓу исламот и тероризмот, предизвикуваа да дојде до разгорување на исламофобијата. Кога се говори за оние кои што од Западен Балкан заминуваат на бојните полиња во Сирија и Ирак, тогаш Босна и Херцеговина се изнесува на прв план. Додека во странските медиуми постојано се повторува бројката од 300 борци граѓани на Босна и Херцеговина кои заминале на бојните полиња во Сирија и Ирак, во извештајот на Атлантска иницијатива од Босна и Херцеговина се изнесува тврдењето дека на наведените боишта се наоѓаат 115 лица од Босна. Една третина од нив се лица кои претходно имаат кривично досие и се осудувани, додека дел од нив се од дијаспората.

Според податоци од Косово, околу 250 Косовари се наоѓаат на бојните полиња на Блискиот Исток. Исто така се тврди дека претходно некои имами под влијание на некои имами од Египет луѓето ги поттикнуваа да учествуваат во судирите во Ирак и Сирија. Според податоците на српските безбедносни служби кои беа објавени во медиумите, околу 20 лица од Србија се приклучија во редовите на ДАЕШ во Сирија и Ирак. Исто така и некои лица со српски пасоши кои живеат во Западните земји исто така се приклучиле во редовите на ДАЕШ. Меѓу тврдењата се изнесува и следното: 15 лица од Од Црна Гора, десетици лица од Македонија се приклучиле кон редовите на ДАЕШ. Неколку џамии во Скопје со години не се под контрола на Исламската заедница и истите го поттикнуваа доброволното приклучување на граѓаните кон ДЕАШ на бојните полиња во Сирија и Ирак.

Владее широко убедување дека кај повеќето од оние кои што заминаа на бојните полиња на Блискиот Исток имаат погрешна перцепција дека исламот се наоѓа под закана од напад, поради што треба да се одбрани. Освен тоа, покрај лицата кои имаат кривични досиеа и се осудувани, борците од странско потекло претежно потекнуваат од сиромашни семејства и се соочуваат со тешкотии во врска со интеграцијата со современиот начин на живеење поради што полесно паѓаат под влијанието на радикалните групи. Кога ќе им се вети богатство и подобар начин на живеење, многу полесно одлучуваат да се приклучат во судирите. Затоа на Западно балканските земји кои се борат со откажувањето на своите граѓани од нивното приклучување кон судирите во Ирак и Сирија, им се препорачува освен преземените казнени мерки, да покажат интересирање и кон социоекономските димензии на случувањата.