Божествена архиерејска литургија во храмот „Свети Прохор Пчински“ во Италија

На 01. 11. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светиот пророк Јоил; светиот маченик Вар; напреподобниот Прохор Пчински и Преносот на моштите на свети Јован Рилски, во црковната општина „Свети Прохор Пчински“ во Пјаченца, Република Италија беше отслужена Света архиерејска божествена литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше надлежниот епархиски архиереј на Европската православна епархија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот г. Пимен, заедно со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, а во сослужение на: игуменот Гаврил (Галев), јеромонахот Макариј, парохискиот свештеник, протоерејот Климен Мишањ, протоерејот Махајло Матевски и ѓаконот Сашо Целески. Пред многубројниот македонски народ, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, изговори пригодно слово по повод празникот на храмовиот патрон свети Прохор Пчински.

Advertisement