Полицијата бркаше глисер со марихуана во Јадранско море (ВИДЕО)

Италијанската полиција со помош на албанските и црногорските колеги уапсила двајца Албанци и запленила два тони марихуана по бркотница на глисер во Јадранското море. За време на операцијата „Тритон“, италијанските хеликоптери и патролни чамци откриле глисер кој пловел кон италијанските територијални води.

Шверцерите на марухуана ја фрлале дрогата во море за да го олеснат глисерот и да и избегаат на полицијата. Но, сепак после неколку часа биле уапсени. Од морето биле извадени 110 пакети марихуана со вкупна тежина од 2.261 килограми. Вредноста на запленетата дрога се проценува на 20 милиони евра.