Албанија

Министерството за Европа и надворешни работи ги советува албанските државјани да не патуваат во Израел

Врз основа на ситуацијата во Израел, Министерството за Европа и надворешни работи од вчера е во контакт со сите албански државјани кои живеат (работат/студираат) таму. Со цел да се осигураме безбедноста на нашите граѓани, ве молиме да ги објавите следните информации што е можно поскоро: Поради вонредната ситуација во Израел, ги известуваме албанските граѓани на следниов начин: Отворен е меѓународниот ...

Read More »

МНР: Албанските граѓани во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните органи

Министерството за европа и надворешни работи ја следи тензичната ситуација во Израел. Според податоците, од овие напади досега нема повреден албански државјани. Сите албански државјани во Израел треба да ги следат упатствата на локалните власти и во секој случај да се обратат во Амбасадата на Албанија во Израел на контакт број: 📞+972 54-4806601, соопшти министерството.

Read More »

Вархеји од Тирана: Се случува членството на Албанија во ЕУ, подготвени сме да се прошириме

Комесарот за проширување за ЕУ, Оливер Вархеји, кој денеска учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што се одржува во Тирана, изјави дека „членството на Албанија во ЕУ се случува“, додавајќи дека „од 1 јануари следната година ЕУ е подготвена да биде домаќин на новите држави од Западен Балкан“, јави Топ чанел. -Во декември, ...

Read More »

СПАК почна истрага во Албанија во врска со сомнежите за злоупотребите на средствата од ИПАРД програмата

Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, ги започна истрагите во врска со сомнежите за злоупотребите на средствата од ИПАРД програмата што ги користеше министерството за земјоделство, потврди првиот човек на Специјалното обвинителство, Алтин Думани. Во оваа фаза истражителите вршат проверки и сè уште не е евидентирано име на ниту едно лице. Европската унија на 19 јули годинава привремено ...

Read More »

Во петок во Тирана средба на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес

Во рамки на Самитот на Берлинскиот процес, кој, овој месец, за првпат ќе одржи во Албанија, во петок во Тирана се организира состанок на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес. Утре, четврток,  ден пред состанокот,  ќе му претходи прием на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, други земји-учеснички во Берлинскиот процес, претставници на ЕУ, како и ...

Read More »

“Омонија” обвини за неправилности во пописот во Албанија

Демократскиот сојуз на грчкото етничко малцинство во Албанија “Омонија” обвини, како што наведува,  за прекршувањето на правата на малцинствата од страна на попишувачите во текот на  пописот на населението и домовите. Преку соопштение за јавноста  “Омонија” наведува дека во областите населени со припадници на грчкото малцинство зачестиле случаите кога попишувачите “вршат емотивен притисок врз граѓаните кога тие инсистираат да им ...

Read More »

Комитетот за малцинства во Албанија, ги повика граѓаните да се попишат

Пред претстојниот попис на населението и домаќинствата во Република Албанија, кој почнува во понеделник, Комитетот за малцинства упати апел до припадниците на малцинствата да ги примат во своите домови попишувачите и дадат одговор на поставените прашања. Од 18 септември до 30 октомври, тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за прибирање податоци за пописот на населението и домаќинствата, што ...

Read More »

Во Тирана се одржува Конференцијата во рамки на Берлинскиот процес

Со учество на министрите за внатрешни работи на 26 земји од ЕУ и Западен Балкан попладнево, во Конгресната палата во Тирана, се одржува Конференцијата во рамки на Берлинскиот процес на која се дебатира за зголемување на соработката во борбата против организираниот и кибер криминалот. Отворајќи го овој, како што го оцени многу значаен настан, албанскиот министерот за внатрешни работи, Таулант ...

Read More »

Во Албанија директните странски инвестиции за шест месеци 686 милиони евра, со раст од 7,9 отсто

Странските директни инвестиции во Албанија забележале нови рекордни вредности за вториот квартал и вкупно за први шест месеци од годинава, објави Централна банка на Албанија. Според банката, во вториот квартал вредноста на странските директни инвестиции достигнал 379 милиони евра, што е зголемување од 12,5 отсто  во однос на истиот период пред една година. Во првата половина од годинава, вкупната вредност ...

Read More »

Албанија ја победи Полска

На петте квалификациски фудбалски натпревари за Европското првенство кои се одиграа вечерва, Албанија ја совлада Полска 2:0,  Поранешниот вардаров играч Јасир Асани кој ја одбра за настапи селекцијата на Албанија во 37. минута постигна убав гол за водство од 1:0, а победата ја потврди Мирлинд Даку во 62. минута од натпреварот.

Read More »