Албанија

Следната година се намалува цената на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан

Мобилните оператори од Европската Унија и од Западен Балкан денеска се сретнаа со претставници на Советот за регионална соработка и на Европската комисија на разговори за планираното намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан треба да бидат приближно исти со оние на национално ниво до 2027 година, ...

Read More »

Патот Ќафасан-Елбасан ќе биде со четири ленти, работите почнуваат следниот месец

Следниот месец почнуваат градежните работи за реконструкција и проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница до градот Елбасан. Според директорот на Агенцијата за државни патишта Ервис Бербери патот ќе биде со четири ленти, проектот предвидува интервенција на постојниот пат, но и изградба на нови сегменти во зависност од теренот. Во ноември почнуваат работите за првите ...

Read More »

Патувањето на Сввети Јован Владимир пред повеќе од 1.000 години (Бар – Елбасан – Ресен) ќе се претвори во туристичка атракција

На 14 и 15 октомври градоначалникот на Елбасан, Гледијан Латја, придружуван од претседателот на Црногорската заедница во Република Албанија, Маринко Цулафиц ја посети Црна Гора. На првиот ден од посетата на средба беа пречекани од градоначалникот на Бар, Душан Раичевиќ. Соработката меѓу двете општини започна пред 3 години кога беше потпишан Меморандум за соработка со општина Ресен во Македонија. Разговорот се ...

Read More »

Подготвени за лансирање сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека се подготвени за лансирање двата сателита што ќе бидат испратени во вселената. Рама на социјалните мрежи напиша дека „двете супертехнолошки очи“ што ќе ја следат Албанија од височините, со висока прецизност и целосна јасност на сликата до 75 cm2, сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ се подготвени за лансирање во вселената од вселенскиот центар Кенеди ...

Read More »

Претседателот Бегај почна консултации со партиите за датумот на локалните избори

Претседателот Бајрам Бегај ги почна консултациите со политичките партии околу одредувањето датум на одржување на редовните локални избори идната година. Прв кај шефот на државата беше лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама. Кабинетот на Бегај внимаваше да го почитува протоколот на одлуката нон грата и на средба кај него од побројното крило на опозициската Демократска партија беше ...

Read More »

Здружението “Заедницата на Црногорците во Албанија” стана членка на Федералната унија на европските малцинства (ВИДЕО)

На покана на Федералната унија на европските малцинства, претседателот на здружението “Заедницата на Црногорците во Албанија” Маринко Цулафиц учествуваше на 66. Конгрес на Федералната унија на европските малцинства, кој се одржа во Берлин од 29 септември до 2 октомври 2022 година. На првиот ден од Конгресот, Цулафиц заедно со група делегати го посети германскиот Парламент, каде што беа примени од пратеничката Дениз Лупе ...

Read More »

Струјата за оние кои трошат повеќе во Албанија поскапува за четири пати

Регулаторниот завод за енергетика одобри зголемување на цената на енергијата за 4,4 пати за потрошувачите од домаќинствата кои месечно трошат повеќе од 800 киловати електрична енергија. Така, домаќинствата кои ќе ја надминат оваа вредност повеќе нема да плаќаат енергија по 9,5 лека (5 денари), туку по 42 лека (22 денари) за киловатчас. По предлогот на владата оваа цена најпрво ја ...

Read More »

Се одржа летна школа за еколошка едукација во Преспа со учесници од Албанија, Македонија и Грција

Во Мала Преспа, студенти од Албанија, Македонија и Грција кои го делат преспанскиот регион учествуваа на летната школа за еколошка едукација и толкување на природното наследство, 15 млади луѓе, студенти и штотуку дипломирани студенти од 3 земји, имаа можност да истражуваат и учат, на тема „Зачувување и заштита на природата преку мониторинг и управување“ од 19 предавачи помеѓу теоретски сесии и теренски ...

Read More »

Хакерите од група „Татковинска правда“ објавија тајни податоци од системот на албанската полиција

Хакерите од иранската група „Татковинска правда“ денеска објавија тајни податоци од системот на албанската полиција. По објавените досиеа од ТИМС системот и денешните од електронската пошта на доскорешниот генерален директор на полицијата, Гледис Нано веќе нема никаков сомнеж дека по кибернападите хакерите дошле до најголемите тајни податоци на полицијатa – констатира Топ чанел. Телевизијата додава дека она што е повеќе ...

Read More »

Митрополитот на Аполонија и Фиер г, Николај од Православната Црква на Албанија во посета на Свештената Бигорска Обител

Во посета на Свештената Бигорска Обител денеска дојде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Аполонија и Фиер г, Николај, од Православната Црква на Албанија. Во неговата чесна придружба беа: нашиот сакан презвитер отец Николај од Тирана, ѓаконот Николај и десетина православни верници од Фиер. Ценетиот Владика и неговите сопатници беа пречекани достоинствено од нашиот Старец и Игумен, Епископот Антаниски г. Партениј и ...

Read More »