Култура

Традиционални „Љубански Илинденски иселенички средби” во Љубојно

Во преспанското село Љубојно, во дворот на старото училиште „Димитар Влахов“ каде се одржал првиот час по македонски јазик, традиционално, денеска и утре ќе се одржат 48. „Љубански Илинденски иселенички средби“. Годинашната манифестација е посветена на великанот на македонскиот јазик Блаже Конески, во чија чест ќе биде промовирана стихозбирката „Раѓање“ од Бошко Рајчовски – Пелистерски од Детроит, САД. На промоцијата ...

Read More »

Во НУБ дигитална изложба по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денеска во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески ќе ја постави дигитална изложба со мултимедијални содржини, насловена „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ на нејзината и на веб-страницата на Дигиталната библиотека на Македонија – www.nubsk.edu.mk и www.dlib.mk. Изложбата содржи селектиран материјал од општиот ...

Read More »

Манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“ со бројни настани

По повод 118-годишнината од Илинденското востание, традиционалните научно-културни средби „10 Дена Крушевска Република“ од 1 до 10 август ќе понудат повеќе настани, информираат од крушевската локална самоуправа. Манифестацијата, официјално ќе биде отворена на 1 август, во 20 часот на платото на Гумење во Крушево. Претходно, од 18 часот сите учесници ќе тргнат од пред црквата „Свети Никола“ во центарот на ...

Read More »

Одбележани 250 години од раѓањето на Кирил Пејчиновиќ во Тетово

Со свечена академија и музичко-културна програма вчера во Тетово се одбележаа 250 години од раѓањето на просветителот, народниот учител и игумен Лешочки, Кирил Пејчиновиќ – Тетоец. Настанот го организираше Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи, пред платото од новата управна зграда на Музејот на тетовски крај, објектот познат како поранешен Дом на Армијата. Слово за ликот и делото ...

Read More »

КУД „Илинден“ од Битола на светска фолклоријада во Русија

КУД „Илинден“ од Битола ќе ја претставува земјава на Шестата светска фолклоријада, која од 4 до 11 јули ќе се одржува во руската Република Башкоростан, со над 2000 учесници од 50 земји.   Ова културно-уметничко друштво постои речиси седум децении и има учествувано на многу меѓународни фестивали за фолклор. Тие денеска заминуваат за Русија, на настанот кој го организира светската ...

Read More »

Почина Виолета Сековска македонската поетеса 1962 – 2021

Вчера на 15 јуни 2021 година, ненадејно на педесет и девет годишна возраст од мозочен удар почина македонската поетеса Виолета Сековска. Виолета Сековска е родена на 2 мај 1962 година во Скопје. Зад неа ги остави сопругот Јоцо, синот Панче со внуката и ќерката Сара. Беше почитувана сопруга, мајка и баба, во душа и со дело Македонка! Виолета Сековска основно ...

Read More »

Струмичкиот карневал учестуваше на меѓународниот карневалски фестивал во Корча

Со ова гостување бележат уште едно успешно претставување на вредностите и традициите на Струмичкиот карневал во странство, како прво такво патување во услови на Ковид пандемија. Струмичкиот карневал и традицијата на градот под Царевите кули успешно претставени пред публиката во Албанија. На покана од Центарот за уметност и култура-театар “Андон Зако Чајупи” од Корча, 20 струмички карневалисти од групите на ...

Read More »

„Матица македонска“ објави избрани дела во десет книги од писателот Раде Силјан

Во рамките на јубилејот -триесет години од основањето, „Матица македонска“ објави избрани дела во десет книги од писателот Раде Силјан. Изданието го уредија Витомир Митевски, Паскал Гилевски, Блаже Миневски, Весна Мојсова-Чепишевска и Златко Жоглев. Во првите седум томови се застапени поетските книги на авторот, создадени во изминтите пет децении, а три томови се посветени на критичко-есеистичката дејност на Раде Силјан. ...

Read More »

Излезе од печат книгата на Васил Дрвошанов „Дијалектолошки анализи“ содржи десет прилози за македонските говори

Во издание на „Бата прес“, на 21 мај излезе од печат книгата „Дијалектолошки анализи“ на Васил Дрвошанов. Книгата, како што соопшти авторот, содржи десет прилози за македонските говори – за кичевскиот, скопскиот, радовишкиот, беровскиот, мегленскиот, ениџевардарскиот, кукушкиот, чифлиџичкиот, кулскиот и кривопаланечкиот. Авторот наведува дека анализираните дела се единствени од тој вид во македонската наука за јазикот, а написите за нив ...

Read More »

„По трагите на Светите Кирил и Методиј“ (ВИДЕО)

По повод претстојниот спомен на нашите Првоучители и Родоначалници, сесловенските Просветители, Светите солунски Браќа Кирил и Методиј, вчера во Скопје, во Културно-информативниот центар се одржа пригоден културно-научен настан со отворање на изложба и промоција на книга, насловен како „По трагите на Светите Кирил и Методиј“. Настанот беше организиран помогнат од македонската и словачката влада, претставена кај нас од Амбасадорот на ...

Read More »