Култура

Галичка свадба меѓу деветте најдобри фестивали во Европа според „Њујорк Тајмс“

Магазинот „Њујорк тајмс“ одреди 9 европски фестивали кои им ги препорачува на секој турист. Меѓу нив е и нашата Галичка свадба. Според секој стандард, Галичник, Македонија, е мало место, пишува репортерот на Њујорк тајмс, и продолжува: Само двајца жители живеат во ова планинско село, скриено во масивот Бистра, околу шест милји источно од албанската граница. За време на годишниот свадбен ...

Read More »

Зафир Хаџиманов промовираше книга за неговата младост

Музичарот, актер, поет и почесен амбасадор на културата во Србија, Зафир Хаџиманов, ја промовираше книгата Песмопојац / Песнопоец во Здружението на писатели на Србија, во Белград. Книгата е издадена на македонски и српски јазик, и претставува збирка на кратки автобиографски раскази, во кои Хаџиманов раскажува за детството, за неговото созревање во Скопје и за раната младост. Тој е автор на ...

Read More »

Почина познатиот македонски рок-музичар Симеон Иванов – Канго

  По долга борба со болеста, денеска почина македонскиот рок-музичар и гитарист, Симеон Иванов – Канго. Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик. Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки. Беше ...

Read More »

Во Израил пронајден древен христијански мозаик

  Мозаик кој што датира од 230 година после Христа е пронајден во ископувањата што израелските археолози од универзитетот во Тел Авив ги извршија во древната локација на затворот Мегидо, Северен Израил. Мозаикот е со грчки натпис кој што му припишува божественост на Исуса Христа: „Богољубивата Акептус ја подарува оваа Евхаристиска маса на Господа Исуса Христа како спомен.“ Тој е ...

Read More »

Ричард Симкот човекот кој течно зборува над 20 јазици и живее во Македонија

Ричард Симкот е хиперполиглот кој веќе 7 години живее во Македонија. Тој има дарба за учење нови јазици и течно зборува повеќе од 20  јазици. Освен јазиците на кои зборува течно, тој активно учел повеќе од 50 јазици. Роден е во Велика Британија и неговиот мајчин јазик е англискиот. Уште на рана возраст научил да зборува француски, а со оглед ...

Read More »

МРТ го објави повикот до авторите за избор на песна за Евровизија 2018

Македонската радио-телевизија ги повика авторите и музичките продуценти од Република Македонија и пошироко да ги достават своите музички предлози (во демо или финализирана верзија) и со својот креативен труд да учествуваат на јавниот повик, со цел да се избере најдобрата песна што ќе ја претставува државата на 8 мај на Евровизија во Лисабон.   МРТ истакнува дека како носител на ...

Read More »

Седумстотини и педесет години од сликањето на иконата „Св. Ѓорѓи“ во Струга

Со свечена архијерејска богослужба в недела (24 декември) во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга свечено ќе се одбележат 750 години од сликањето на иконата на св. Ѓорѓи (1267-2017 г.), патронот и заштитник на црквата и на градот Струга. Иконата на св. Ѓорѓи ѝ припаѓа на групата од неколкуте најстари икони во Македонија и поседува особено културно-историско значење и високи стилско-ликовни ...

Read More »

Амбасадата на Македонија во Русија подари книги на московската Библиотека за странска литература

На 13 декември 2017, во пресрет на денот на основањето на Центарот на словенски култури во Москва, Амбасадата на Република Македонија ѝ подари книги на Библиотеката за странска литература. На средбата присуствуваа вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација Гоце Карајанов и генералниот директор на Библиотеката за странска литература Вадим Дуда. Учесниците на средбата ја истакнаа важноста ...

Read More »

Од Св. Николај до Дедо Мраз

  Во многу земји од светот символ за символ на Нова Година традиционално е сметан токму Дедо Мраз. Секој народ си го нарекувал по свое. Финците Јолу Пуки, Хрватите Деда Мраз, Турците Ноел Баба, Французите Пер Ноел, а Грците, пак воопшто не го споменуваат, туку за личност која им носи подароци и секакви добра во Новата Година го сметаат Св. ...

Read More »

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура слави 50 години постоење

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, со свечена академија утре (17 декември) ќе ја одбележи 50 годишнината од формирањето на институцијата. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, со свечена академија утре (17 декември) ќе ја одбележи 50 годишнината од формирањето на институцијата. На свеченоста која ќе се одржи во малата сала на Македонската филхармонија со почеток ...

Read More »