Култура

Галичник душата на Мијачијата

Познатите македонски иконописци: Макарија, Јаков и Кузман Фрчкоски, легендарниот пејач Александар Сариевски, авторот на првата печатена македонска граматика Ѓорѓија Пулевски, преродбениците Партенија Зографски и Панајот Гиновски, еден од најавтентичните македонски сликари Лaзар Личеноски… овие луѓе се само дел од великаните кои се родиле и чекореле низ тесните улички на Галичник, а истовремено нивниот генијален дух ги осветлил македонските, но и ...

Read More »

Пет награди во пет категории за АКУД „Мирче Ацев” на фестивалот „Хармонија” во Германија

Академскиот хор се натпреваруваше во три категории: мешани камерни хорови со обврзна композиција, фолклорни песни и фолклорни хорови (со придружба од Народниот оркестар); Ансамблот за народни ора и песни во својата категорија на игроорни ансамбли и Народниот оркестар во својата категорија на оркестри. АКУД „Мирче Ацев” се врати од Германија со пет освоени награди од пет пријавени категории. Имено, Академскиот ...

Read More »

Потпишан Протокол за организирање денови на културата во Македонија и Русија

  Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак денеска потпишаа Протокол меѓу министерствата за култура на двете земји за организирање Денови на македонската култура во Русија во 2018-та и Денови на руската култура во Македонија во 2017 година. Деновите на македонската култура во Руската Федерација е предвидено да се одржат во текот ...

Read More »

Симон Трпчески со нов албум

Дискографската куќа „Оникс Класикс“ го издаде новото оркестарско издание на нашиот пијанист Симон Трпчески, чија концертна промоција деновиве се случи во Ливерпул. На ЦД-то се поместени дела од Сергеј Прокофјев: два концерта – број 1 и број 3, како и Увертирата на еврејски теми, изведени заедно со познатата и наградувана екипа во која се и диригентот Василиј Петренко и Кралскиот ...

Read More »

Отворен новиот објект на Македонската филхармонија

Со концерт на Македонската филхармонија на која како солист настапува Симон Трпчески под диригентство на Владимир Ашкенази од Русија вечерва и официјално е отворен новиот објект на Филхармонијата. Свечено објектот со сечење лента го отвори министерската за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на Владата Емил Димитриев. Македонската филхармонија, која е најстара институција ...

Read More »

Македонската книжевност на Саемот на книга во Варшава

  Годинава Република Македонија првпат ќе учествува на Меѓународниот саем на книгата во Варшава, Полска, што ќе се одржува од 17-ти до 21-ви мај. Организатор на претставувањето на македонската книжевност и издаваштво ќе биде Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје. НУБ на македонскиот штанд ќе изложи околу 300 изданија од областа на книжевноста, културата и уметноста, избрани ...

Read More »

Триумф на македонската убавина во Кипар

Во Кирениа, Кипар викендов се одржа изборот на Мис Медитеранот 2017. Победничка е нашата претставничка, 16 годишната Евгенија Ризова од Скопје. Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Италија Раљел Домингос, а Втора придружничка е исто така од Македонија, Ивана Ѓеорѓиевска, 18 години од Скопје. И преостанатите две наши претставнички успеаја да освојат титули. Кумановчанката Ангела Спасовска 18 години ја ...

Read More »

Португалија победник на Евровизија

Песна на Евровизија си замина во Португалија и извонредниот пејач Салвадор Собрал. Неговата интерпретација на баладата Amar pelos dois (Љубов за двајца) што ја напиша неговата сестра,  ја освои Европа. Со гласови на жири од телевизиските центри и публиката ширум континентот, 27-годишниот Португалец однесе победа во Португалија. Тоа е прва победа на Португалија во 62-годишната историја на Песна на Евровизија. ...

Read More »

Tеатарот “Скрб и утеха“ ги одржа традиционалните “25 Армакедонски слави“

  Вчера во Градската библиотека “Браќа Миладиновци“ во Скопје,  театарот “Скрб и утеха“ ги одржа традиционалните “25. Армакедонски слави“. Премиерно беше изведена драмата “Патот“ во изведба на актерите Страшко Милошевски и Тихомир Стојановски, а пред публиката се претстави Македонската женска вокална група од Сандански, од Пиринскиот дел на Македонија со повеќе изворни македонски народни песни.

Read More »