Култура

Интернационален фестивал на монодрама во Битола

  Интернационален фестивал на монодрама во Битола, завршува вечерва со Концертот на театарска музика на композиторот Горан Трајковски, насловен „На светов убавина“. На фестивалот, кој е од натпреварувачки карактер, учество зедоа монодрами од повеќе земји меѓу кои: Германија, Естонија, Хрватска, Полска, Холандија, Русија, Словенија, Израел и Македонија. Наградата Гран-при вечерва ќе ја додели интернационалното жири во чиј состав се:актерот и ...

Read More »

Oтворена изложбата „Охридски филиграни” во Софија

Пред бројна публика, претставници на дипломатскиот кор, културни работници и бројни познати јавни личности, синоќа во Софија беше отворена изложбата „Охридски филиграни”. Софиската публика покажа исклучителен интерес за оваа старо занаетско мајсторство специфично за Република Македонија, претставено преку 35 ракотворби од авторката Мирјана Николоска од Охрид. Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Република Македонија, Васко Шутаров.

Read More »

МПЦ денеска го прогласи за светител Свети Кипријан

Во манастирот Св. Јован Претеча во село Слепче, Демир Хисар Македонската православна црква – ОА изврши канонизација  и го прогласи за светител Игуменот Кипријан Слепченски.  Со чинот на канонизација чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите митрополити и епископи на МПЦ – ОА. Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА со која Св. Кипријан Слепченски се ...

Read More »

Гала концерт по повод 70 години Македонска опера

  Македонската опера и балет по повод 70-годишнината од Македонската опера ќе одржи гала концерт на кој ќе учествуваат сите првенци, солисти и оркестарот и хорот на МОБ. На концертот ќе бидат изведени арии, дуети, терцети, квартети, оркестарски и хорски нумери од светски автори. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер е Дејан Прошев. Првата професионална оперска ...

Read More »

Македонска поезија во Хрватска и Словенија

Македонските поети Петко Шипинкаровски, Марина Мијаковска, Васил Тоциновски и Љубинка Донева ќе настапат со поезија од своето творештво на три книжевни средби „Поетски импулси“ во Хрватска и Словенија. Средбите од денеска до 29 април ќе се одржат во Вараждин, Загреб и Марибор.

Read More »

Јана Бурческа се претстави на евровизиската публика

  Нашата овогодинешна евровизиска претставничка, Јана Бурческа се претстави на публиката ширум Европа со видео снимено во Скопје, Република Македонија. Младата и енергична пејачка во официјалниот видео-профил зборува за себе и за песната „Dance Alonе“ со која ќе настапи во Киев – Украина.      

Read More »

Првиот семинар на професорите по предметот „Етика во религиите“ во Бигорски Манастир

Бигорската Свештена Обител, којашто низ историјата воспитала и издигнала многу духовни и културни дејци и каде и во поново време духовно се образуваат сите што со вера притекнуваат во неа, во саботата од Светлата седмица, на 22 април 2017 лето Господово, беше домаќин на еден настан од исклучителна важност за градењето на добрата иднина кај нашите најмлади: еднодневен семинар во ...

Read More »

Бигорски манастир со нов и одлично дизајниран сајт

Бигорскиот манастир, манастири на Македонската Православна Црква, кој води исклучителна грижа за информирањето на верниците и запознавањето со суштината на православната вера направи редизајнирање на својата интернет страница. Новиот сајт на Бигорски е една уникатна и одлична интернет платформа, лесно прегледна и со многу достапни и корисни информации. На сајтот покрај секојдневни новости од животот на монасите, како и информации ...

Read More »

Промотивни настапи на Јана Бурческа во Израел, Амстердам и Лондон

Претставничка на Република Македонија на Евровизискиот фестивал што ќе се одржи во Украина Јана Бурческа, изминатиов период ја претстави евровизиската песна во неколку европски земји. Големите евровизиски фанови од повеќе европски земји веќе го пеат рефренот од „Dance Alone“. Што се однесува до медиумската промоција, Бурчевска даде околу стотина интервјуа во кои го претстави тимот кој музички стои зад оваа ...

Read More »

Битолскиот Народен театар со „Шекспир засекогаш“ гостува во Санкт Петербург

Во театарот „Вера Комисаржевскаја“ во Санкт Петербург вечерва, 17 април, ансамблот на Народниот театар-Битола ќе го изведе музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“, што е прво меѓународно гостување на оваа национална установа во 2017 година. Копродукцискиот перформанс е во изведба на актери од Битолскиот театар и од рускиот театар-домаќин „Вера Комисаржевскаја“. Во меѓувреме извршено е дополнување и ќе биде изведен во форма на ...

Read More »