Македонци – Албанија

Македонското друштво “Сонце”во Фиер со штанд на уметнички дела и ракотворби

Во албанскиот град Фиер во изминатите два дена се одржа саем во рамки на  проектот  “Зачувување и промоција на културата и потеклото на националните малцинства преку уметност и занаетчиство”. Покрај другите друштва на малцинствата,  со свој штанд се претстави и Македонското друштво “Сонце”, кој, според претседателот на друштвото Васил Стерјовски бил меѓу најпосетените. Нашето друштво се претстави со свој штанд ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова на Република Албанија, заедно со бугарски универзитетски професори и академици, во пресрет на пописот на населението во Република Албанија. Програмата на акцијата “Бугари во Албанија“ предвидува отворање на “неделно училиште на бугарски јазик во Елбасан“, потоа во Тирана ќе ја промовира книгата на Спас Тошев “Бугарите ...

Read More »

Едмонд Османи: Најавата за отворање на училишта на бугарски јазик,нови обидите за асимилација во Голо Брдо

Едмонд Османи, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), партија на Македонците во Албанија, реагира на изјавата на бугарската потпретседателка Илиана Јотова за отворање на училишта на бугарски јазик и нагласува дека станува збор за продолжение на политиката на Софија за асимилација на Македонците во Албанија, каде, како што наглси, не живеат Бугари. Едмонд Османи, кој е и администратор ...

Read More »

Спасовски и Бала се договорија граничниот премин Џепиште – Требиште, областа Голо Брдо да работи 24/7

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва, за време на работниот престој во Тирана, по повод учеството на Конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, оствари работна средба со неговиот албанскиот колега,Таулант Бала. На средбата македонскиот прв полицаец му го честитал назначувањето на функцијата министер за внатрешни работи на Република Албанија, со желби за успех, на ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Печ, Унгарија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд се претстави на 67. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во унгарскиот град Печ. Во рамки на активностите на овој значаен собир, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имаме пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 8-ми септември Денот на независноста на татковината Македонија 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред точно 32 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката. Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај учествува на 67 конгресот на Федералната унија на европски националности во Печ, Унгарија

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), што ќе се одржи во Печ, Унгарија од 7 до 10 септември 2023 година. Присутни се околу 200 учесници од 26 земји и 50 организации членки на ФУЕН ќе разменат мислења за актуелните случувања во политиката на малцинствата. Кулите на катедралата, земјоделството, реките, виното ...

Read More »

Министер за локална самоуправа ќе биде Арбјан Мазнику потекнува од Врница, областа Голо Брдо

Премиерот и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, на денешното партиско собрание соопшти за реконструкција на владиниот кабинет, а целосно е сменет и Секретаријатот на партијата. Рама најави и формирање на министер за локална самоуправа каде прв човек ќе биде Арбјан Мазнику, актуелен заменик градоначалник на Тирана, Македонец чиј татко потекнува од село Врница, областа Голо Брдо. Ова не му ...

Read More »

Македонецот, Јован Шкмби стана советник во советот на општина Поградец

Централната изборна комисија денеска разгледала повеќе прашања од нејзина надлежност во тие рамки и пополнувањето на испразнети места во советите на неколку општини, меѓу нив и Поградец. На локалните избори што се одржа на 14 мај годинава МАЕИ беше во коалиција со Социјалистичка партија и свои кандидати имаше на листата на социјалистите, освен за општина Пустец каде настапи самостојно, но ...

Read More »

Македонците во областа Голо Брдо со нов пат што го поврзува селото Оржаново (ФОТО)

Општина Булќиза започна со работа на патот што го поврзува селото Оржаново, областа Голо Брдо, Административна единица Острен, ќе се изградат, странични канали, подлоги и слоеви со чакал, давајќи решение на овој голем проблем на жителите на селото Оржаново. Ова е прв пат да се инвестира во овој пат од пропаѓањето на тоталитарниот режим. Инвестирањето во областа Голо Брдо е од ...

Read More »