Македонци – Албанија

Македонска алијанса за европска интеграција во Пустец организира свечено одбележување на Илинден

Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во соработка со Општина Пустец, утре на 2 август, организира прослава по повод Илинден. Според лидерот на партијата Васил Стерјовски, во Пустец, седиштето на истоимената општина, по повод 120 години од Илинденското востание на македонскиот народ во 18.00 часот ќе се одржи свечена академија. Академијата „120 години од Илинденско востание“ ќе се одржи во ...

Read More »

Сара Џелили се именува за потпретседател, Ули Халилај за секретар на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на Статутот и согласно своите надлежности донесе одлука: 1.Сара Џелили се именува за подпретседател на Македонското друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо за мандатен период 2023 – 2027 година; 2.Ули Халилај се именува за секретар на Македонското друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо за мандатен период 2023 – 2027 година. Сара Џелили е член и активист на ...

Read More »

Ковачевски се сретна со Македонци од Голо Брдо – им донираше градежна машина и светилки за улично осветлување (ВИДЕО)

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Македонци од областа Голо Брдо од Албанија. Во рамки на Акцискиот план за поддршка на Македонците во Голо Брдо и Пустец, премиерот донираше градежна машина и сијалици за улично осветлување, со што се реализираше уште едно барање од заедничкиот договор на Македонците, од овие краеви, со Владата. Во продолжение ...

Read More »

Одбележан патронот на манастирот Света Марена во Туминец, областа Мала Преспа

Македонците од областа Мала Преспа  го одбележаа патронот на познатиот манастир „Света Марина“ во селото Туминец. По повод денешниот празник посветен на Света великомаченица Марина – Марена – Огнена Марија, по традиција во Туминец од синоќа а посебно денеска освен  жители од селата на Мала Преспа, беа и од подрачјето на Корча, како и од Ресен Струга и Прилеп.  За овој празник тука ...

Read More »

Васил Стерјовски реизбран за претседател на МАЕИ

На денешниот, четврти Конгрес, на единствената македонска партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ , едногласно за лидер на партијата беше реизбран Васил Стерејовски. Стерјовски е магистер по историски науки, претседател е и на друштвото „Сонце“, прв пратеник во албанскиот Парламент (16 мај 2019 до 9 септември 2021) кој јавно се декларира како Македонец и прв ...

Read More »

Сајкоски на четвртиот конгрес на МАЕИ во Албанија: Даваме безрезервна поддршка на Македонците во соседството

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија. Денес ја имав таа чест да присуствувам на четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ под мотото „Македонците – нераскинлив дел од Албанија“, каде покрај другото се зборуваше и за унапредување на положбата, правата и слободите ...

Read More »

Во Корча денеска ќе се одржи Четвртиот конгрес на Македонска алијанса за европска интеграција

Денес во Корча во Република Албанија ќе се одржи Четвртиот конгрес на единствената Македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција. Околу 120 делегати од цела Албанија ќе усвојат ивештај за работа на Македонската партија за периодот 2019-2023 година и ќе ги изберат нејзините органи за наредниот четиригодишен мандат од 2023-2027 година. На Конгресот ќе присуствуваат претставници од ...

Read More »

Репортажа на мкд.мк за Македонците во Албанија

Разгоропадена помеѓу Националниот парк „Преспа парк“ и Преспанското езеро општина Пустец  е најмала општина во Албанија со 5300 жители населена со етнички Македонци. Можеби не живеат во материјално изобилие ама горди се на својот чесен и достоинствен живот. А за живот не им треба многу. Само сакаат да имаат исти услови за развој како и сите други. И уште нешто. Нивната Македонија ...

Read More »

Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај на претставникот на македонското национално малцинство во Комитетот за националните малцинства Фелха, и подари примероци од Фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“

Претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на 24. 07. 2023 година на претставникот на македонското национално малцинство во Комитетот за националните малцинства во Република Албанија, Марјана Фелха, и подари примероци од Фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ во просторите на Комитетот за националните малцинства. За одбележување е дека Фото албумот „Народни носии на македонското ...

Read More »

Во Тирана промовиран Фото албум „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ (ФОТО)

Г-дин Љуфтим Спахиу, советник во македонската Амбасада во Тирана Г-дин Александру Саву, советник во романската амбасада во Тирана Г-ѓа Еда Кошовари, директор на Дирекцијата за анализи и проекти при Комитетот на националните малцинства и г-ѓа Марјана Фелха, претставник на македонското национално малцинство во Комитетот за националните малцинства на Република Албанија Г-ѓа Марјана Фелха, претставник на македонското национално малцинство во Комитетот ...

Read More »