Македонци – Свет

Македонскиот клуб “Илинден” во Лаатцен-Хановер на своите членови им подели членски книшки (ФОТО)

На 2 октомври годинава Македонскиот клуб “Илинден” во Лаатцен-Хановер на своите членови им подели членски книшки. Во просторите на Македонска заедница во Хановер се одржа свечена седница на која претседателот на Македонскиот клуб “Илинден”, Живко Лазаров ги информира членовите за сите активности што ги превзема клубот. Присутноста на свечената седница покажа дека меѓу Македонците во Лаацен Хановер има голем интерес ...

Read More »

Македонците од Германија од МНР бараат подобрување на услугите во дипломатско-конзуларните претставништва

Ние, Македонците кои живеме во Германија, се обраќаме до Вас со желба да се оптимираат услугите на нашите служби во Германија. Бројот на доселеници од Македонија во Германија расте од година во година. Додека потребата за точни и брзи информации се зголемува, начинот на работење на нашите дипломатско-конзуларни претставништва остана ист. Услугите кои ги добиваме од нив ги оценуваме како ...

Read More »

Македонецот Гоце Пероски избран во Градскиот совет на Диселдорф

Македонецот Гоце Пероски е избран за член на советот за интеграција во градот Диселдорф. Пероски беше на изборната листа на Зелена политичка партија на Германија. Советот за интеграција на главниот град на државата го одреди вкупниот број места во советот за интеграција на 19. Мнозинството од комитетот се состои од десет директно избрани лица и девет лица назначени од советот од ...

Read More »

Во Женева официјално се регистрира Координативното тело на Македонците во Европа

Во Женева официјално е регистрирано Координативното тело на Македонците во Европа како посебен правен субјект и организирана форма за афирмација на Македонските национални интереси ширум Европа. Денска во Брисел ќе се одржи годишната конференција на Македонците во Европа, а притоа е закажан протест пред седиштето на Европската Комисија, пред Европскиот парламент.

Read More »

Македонецот Маџиров избран во Градскиот совет на Диселдорф

Македонецот Павле Маџиров е избран за еден од 90. членови на новиот состав на Градскиот совет на Диселдорф. На вчерашните локални избори тој извојува уверлива победа во квартот Мерзенброј, освојувајќи 33,92 проценти од гласовите. „Почитувани граѓани на Мерзенброј, сè што ми остана е еден збор: Благодарам!“, порача новоизбраниот градски советник на главниот град на германската сојузна држава Северна Рајна Вестфалија. ...

Read More »

Организацијата Обединети Македонци од Канада на 6 септември ќе го одбележи Денот на независноста на Македонија – 8 септември

Организацијата Обединети Македонци од Канада, утре на 6 септември ќе го одбележи Денот на независноста на Македонија – 8 септември во македонскиот Илинденски парк во градот Скугог. Организацијата Обединети Македонци упатува јавна покана до Македонците од Торонто и околината на заедничка прослава на Денот на независноста на Македонија со почитување на мерките за заштита од корона вирусот. Организацијата Обединети Македонци ...

Read More »

Бил Николов: Говорите на демократите можеби се подобри од тие на Трамп но делата им се исти

Се што беше кажано на националната конвенција на Демократската партија на САД беше толку… дволично. „Не им дозволувајте да ви ја земат власта. Не им дозволувајте да ви ја земат демократијата“, рече Барак Обама, под кого почна политиката со која се згазија демократијата и човековите права на цела една етничка група, која со сила беше преименувана и и се смени ...

Read More »

Македонски иселениците од Европа со донација од хуманитарни пакети за најпогодените од коронакризата во Делчевско

Во руралните средини почна распределбата на хуманитарни пакети за социјално загрозените граѓани од Делчевско. Хуманитарните пакети се донација од македонски иселеници во Европа, чиј претставник Кирчо Анастасов истакна дека ќе бидат добродојдени на граѓаните кои се најпогодени од здравствената криза. – Оваа акција се реализира со помош на македонските иселеници кои се низ европските земји и со кои како здружение ...

Read More »