Македонци

„Авантуристички парк“ во Шиштеец областа Гора подготвен да ги пречека првите гости (ФОТО)

„Авантуристичкиот парк“ во Шиштеец областа Гора, инвестиција која ќе создаде можности за зголемување на економскиот потенцијал на областа Гора, е подготвен да ги пречека посетителите. Премиерот Еди Рама денеска на социјалните мрежи ги сподели сликите од изградбата на овој парк, кој се смета за златна можност за развој на туризмот во овој агол на Албанија. Рама рече дека „Авантуристичкиот парк“ во Шиштеец ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на презентација на проектот „Жените на малцинствата“

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај денска учестуваше на презентација на студија Колку се еднакви малцинските организации? Презентирана ФУЕН студија за проектот „Жените на малцинствата“. На настаните на ФУЕН честопати доживуваме дека соодносот на половите не е избалансиран. На нашите конгреси, конференции и годишни состаноци учествуваат значително повеќе мажи отколку жени. Но, исто така, во квалитативна смисла, ако ги погледнете ...

Read More »

Потпишан меморандум за меѓугранична соработка помеѓу општините Преспа, Пустец и Ресен 

Во општина Преспа во Грција, беше потпишан Меморандум за меѓугранична соработка помеѓу општините Преспа во Грција, Пустец во Албанија и Ресен во Македонија. Меморандумот го потпишаа Панајотис Паскалидис градоначалник на општина Преспа, Пали Колефски градоначалник на општина Пустец и Јован Тозиевски градоначалник на Општина Ресен. Меморандумот предвидува меѓугранична соработка на трите општини и унапредување на соработката во областа на културата, ...

Read More »

Македoнскиот весник “Илинден” достапен во Националните библиотека на Албанија и Македонија

Формирањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана на 6 февруари 2009 година беше исклучителен предизвик за Македонците во Албанија, особено за жителите во областа Голо Брдо. Во текот на неговата работа се појави потреба за информирање на членството и поддржувачите на Друштвото, кое стана препозналив заштитник и промотор на македонската традиција, култура и историја во Република Албанија. Поради тоа, во највисоките кругови ...

Read More »

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Александар Костиќ, претседател на Месна заедница Галичник

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средба со г-дин Александар Костиќ, претседател на Месна заедница Галичник, Општина Маврово – Ростуша,  областа Мала Река, Македонија. На срдечниот разговор искажан е заеднички став за унапредување на соработката меѓу Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Месна заедница Галичник и соработка во рамките на манифестацијата Галичка свадба. Секако, во опсегот на неговите надлежности, Костиќ ...

Read More »

Советот на Округот Кукс посхумно го прогласи Назиф Докле за почесен граѓанин на Округот на Кукс

Советот на Округот Кукс посхумно го прогласи Назиф Докле за почесен граѓанин на Округот на Кукс. Во образложението се наведува дека одлуката се носи поради неговиот придонесо како достоинствен истражувач на многу архиви за извлекување на историската и националната вистина, со извонреден придонес во развојот на уметноста и културата во целиот округ Кукс. На свечената церемонија организирана од страна на Округот ...

Read More »

Македонските организации во Бугарија го одбележаа роденденот на Вапцаров

Македонските организации во Бугарија денеска свечено го одбележаа роденденот на Никола Вапцаров, Македонецот исполнет со голема љубов кон својата татковина Македонија, што создавал и работел за нејзината иднина. Цвеќе беше положено пред споменикот во неговиот роден град Банско, при што пред присутните се обрати претседателот на ОМО Илинден – Стојко Стојков. Тој ги рецитираше песните на Вапцаров за неговата татковина ...

Read More »

Во Малиќ поставен споменик на Македонецот Никола Калфа 

Познатиот претприемач Ѓерѓ Луца, пред една година најави заживување на поранешната фабрика за шеќер во општина Малиќ, враќајќи и го стариот сјај преку инвестиции и работа. Уништените магацини за брзо ќе бидат новиот дом на “Rozafa Fish City“ во југоисточната општина на Република Албанија. Ѓерѓ Луца се пофали дека подигнал споменик во чест на Никола Калфа, кој ја водел фабриката ...

Read More »

Комитет на министри на Советот на Европа: Бугарија да дозволи отворање здруженија на македонското малцинство

Бугарија повеќе да не го одбива регистрирањето на здруженија кои имаат за цел „признавање на македонско малцинство во Бугарија“, врз основа на мотиви кои се во спротивност со пресудите на Европскиот суд за човекови права, побара извршниот орган на најстарата паневропска организација на 451. состанок на Комитетот на министри на Совет на Европа, јави дописникот на МИА од Стразбур. Неизвршената ...

Read More »