Македонци

Прва иселеничка средба кај манастирот “Св. Спас“ во Драгобраште

  Желбата на македонските граѓани кои работат во западноевропските земји да се видат меѓусебно и да се дружат, се реализираше викендов во близина на виничкото село Драгобраште. Дворот на манастирот “Св. Спас“ беше претесен да ги прими сите заинтересирани кои дојдоа на првата иселеничка средба што ја организираше македонското здружение “Камен мост“, односно “Понте Ди Петра“ од гратчето Канели во ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ве кани на годишната средба во село Ербеле-Маќелара кај црквата Св.Преображение

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија годишната средба во село Ербеле-Маќелара Република Албанија кај црквата Св. Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2017 година. Сите сте добредојдени!

Read More »

Мозаик со ликот на Александар Македонски пронајден во Израел

Откритието е уникатно од аспект на тоа што е единствен пример на сцена неповрзана со библијата да се наоѓа во античка синагога. Извонреден мозаик кој прикажува средба меѓу Александар Македонски и еврејски свештеник е откриен во синагога од 5-тиот век во старо еврејско село наречено Хукок. Ова е првпат сцена која не е поврзана со библијата да биде откриена во ...

Read More »

Лидерот на партијата на Македонците во Грција тврди: Бугарија си даде автогол

Лидерот на партијата на Македонците во Грција Павле Воскопулос го искоментира членот 11 став 5 од договорот со Бугарија. ”Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не ...

Read More »

Македонија и се заблагодари на Турција за помошта во гаснењето на шумските пожари

  Македонија и се заблагодари на Турција за помошта во гаснењето на шумските пожари. Во соопштението  кое беше издадено вчера по седницата на владата на Република Македонија се истакнува следното: „Владата на Република Македонија им се заблагодарува на Република Турција за помошта во справувањето со шумските пожари. Во исто време сите вработени во институциите кои се ангажирани во гаснењето и ...

Read More »

ОМД: Го Честита Илинден и Бара Обединување во Интерес на Македонија

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), како најголема организација на македонците надвор од Македонија, ја честита 114тата годишнина од Илинденското Востание како и 73тата годишнина од АСНОМ до сите македонци во и надвор од татковината. На овој ден во 1903, македонците застанаа против Отоманската Империја за слободна, независна, суверена Македонија, а во 1944 година, застанаа и јавно ја декларираа Македонија како татковина ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за празникот Илинден

Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и разгранокот на друштвото за Голо Брдо по повод двата историски Илиндена упатија честика до сите Македонци.  Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ упатуваме искрени честитки по повод најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година на сите ...

Read More »

Илинден одбележан кај Македонците во Западна Австралија

  Со свечена академија и богата културно- уметничка програма Македонската општина на Западна Австралија го одбележа претстојниот македонски национален празник Илинден. Одбележувањето започна во дворот на црквата „Св. Никола“ во Перт, со панихида за паднатите борци за слободата на Австралија и Македонија, а пред споменикот на паднатите борци венци положија македонските преживеани борци, организации и здруженија. Од име на Република ...

Read More »

Македонците од Албанија денеска традиционално ја слават Света Огнена Марина (ВИДЕО)

Денес е Света Огнена Марина – Марена. Празникот Света Марена се слави секоја година на 30 јули. Овој ден се смета за најтопол ден во годината. Македонците во Мала Преспа, традиционално ја слават Света Марена во село Туминец на манастирот Света Марена. И оваа година се очекува голем број Македонци од Албанија и Македонија на манастирската слава.      

Read More »

Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права разочарано од договорот добрососедство со Бугарија

  Изразувајќи ја својата принципиелна поддршка за добрососедството, унапредувањето на односите, евроинтеграцијата на Македонија, ние не можеме а да не ја осудиме содржината ан овој договор кој позади сите убави фрази е реално насочен против горенаведените вредности. Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија е нерамноправен, ги задоволува повеќе бугарските националистички аспирации отколку македонските национални интереси. Тој ги поставува под ...

Read More »