Македонци

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Берлин учестуваше на состанок на работна група на словенски малцинства

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Берлин учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на работниот состанок на г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски и потпреседателот Горан Николоски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН-Конгресот што се одржа од 29 септември до 2 октовмри 2022 година во Берлин, освари средба со претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски и потпреседателот Горан Николоски. Претставниците на Централниот совет на Македонците во Германија го посетија штандот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана. Високите претставници на Централниот ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на конгресот на Федералната унија на европските националности во Берлин

Во главниот град на Сојузна Република Германија, Берлин се одржа 66 Конгрес на Федералната унија на европските националности, ФУЕН, на кој учествува и македонското друштво “Илинден“-Тирана. Дел од конгресот е и саемот на кој претставниците на малцинствата од Европа, на свои штандови претствија дел од традиционлани производи, како и пропаганден материјал. Македонско друштво “Илинден“-Тирана за трет пат со свој штанд, ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај учествува на 66 конгресот на Федералната унија на европски националности во Берлин

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности, ФУЕН, што се одржaва во Берлин од 29 септември до први октомври. Малцинските заедници во меѓународни и регионални конфликти и четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија беа во фокусните точки на 66 Конгрес. Најголемиот европски собир на национални малцинства и јазични ...

Read More »

Пописот во Србија и шансата на македонскиот народ

За само неколку дена во Република Србија ќе започне новиот попис, после десет години, што е веќе неколку децении вообичаен стандард во секоја европска држава. Малцинствата веќе се организираат и водат разноразни кампањи со цел да ги активираат своите сонародници и на тој начин да ја зацврстат својата позиција како малцинство, но од друга страна, политичките представници на малцинствата да ...

Read More »

Колумна од Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права: Соединетите држави – Светилник на дволичноста

Ми стана навика да го прозивам Џо Бајден за бесрамните лаги што ги кажува пред Генералното Собрание на Обединетите Нации – како моја верзија на годишниот извештај на Стејт Департментот за човекови права. Минатата година Бајден ги осуди нападите врз мирните демонстранти, одржувањето избори кои не се слободни или фер, државните напади, апсењата и заканите врз граѓаните кои живеат во ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита среќен 26 Септември денот на европските јазици

Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 септември, Ден на европските јазици, упати честитка до сите Македонци со порака да го зачуваат мајчиниот јазик, бидејќи, како што посочува, тоа е најголемото обележје на националниот идентитет, но и да научат и други јазици, зашто тоа е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање. -Сакаме да го истакнеме значењето на образованието на ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана предлага 21 мај во Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства

Македонското друштво “Илинден”-Тирана предлага 21 мај во Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства во оваа земја. За таа цел друштвото испрати барање до претседателката на парламентот Линдита Никола, во кое стои дека 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа го избрале и го сметаат за најсоодветен датум. Националните ...

Read More »