Македонија

Православните верници слават Свети Архангел Михаил

Денешниот празник православните христијани го одбележуваат во слава на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на Свети Архангел Михаил, затоа што Архангел Михаил бил водач на целата ангелска војска и водач на сите небесни сили. Собор на Свети Архангел Михаил е меѓу поголемите есенски празници. Меѓу народот е попознат како Аранѓел или Аранѓеловден. Именден денес празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, ...

Read More »

Игнорирајќи го македонското малцинство во регионот го дезавуираме нашиот идентитет во матицата

Збунетост предизвикува фактот што Македонија заседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а нашиот министер е токму претседавач на оваа меѓународна организација и ништо не презема за заштита на македонското малцинство во соседните држави, кое е предмет на агресивна асимилација. Имено, ОБСЕ преку политички дијалог има цел да обезбеди стабилизација на регионот преку демократски средства и демократско ...

Read More »

13 Ноември денот на ослободување на Скопје од фашистичката окупација

На 13 ноември 1944 година, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација. По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред ...

Read More »

Стратешкиот дијалог Македонија – САД, една од областите е отстранувањето на визниот режим од САД за граѓаните на Македонија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку напис на социјалните мрежи вели дека во рамките на Стратешкиот дијалог  Македонија – САД, една од областите е отстранувањето на визниот режим од САД за граѓаните на Македонија. Османи вели дека се прават напори за време на патувањето да се отстранат и проверките на нашите граѓани на царината во САД. „Во рамките на ...

Read More »

Весникот „Вечер“ прославува 60-годишен јубилеј

    На денешен ден пред 60 години, од печатницата на тогашниот НИП „Нова Македонија“, излезе првиот вечерен дневен весник „Вечер“. На 11 ноември 1963 година група од триесетина ентузијасти храбро зачекорија во предизвикот, создавајќи весник на генерации, хроничар на едно шестдецениско време кое ќе остане трајно запаметено на овие страници. Првиот број на „Вечер“ беше отпечатен на 16 страници ...

Read More »

Иселениците од Македонија мака мачат со добивање државјанства и патни исправи од својата матична држава

Mакедонија како матична држава на македонскиот народ мора сериозно да ги сфати барањата на македонската дијаспора за поедноставување на процедурата за добивање државјанство. Аналитичарите и познавачите на оваа проблематика предупредуваат дека доколку Македонија како држава не преземе позитивни чекори за ова прашање, може засекогаш да ја изгуби македонската дијаспора, која има капацитет и можности да придонесе за развојот и напредокот ...

Read More »

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов оствари средба со директорот на Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош на Албанија, Илир Беќај

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска во Тирана оствари работна средба со националниот ИПА координатор, директорот на Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош на Република Албанија, Илир Беќај. На состанокот беше истакната важноста од продолжување на добрата соработката меѓу земјите и институциите  во процесот на евроинтегрирање. Министерот Пенов истакна дека Република Македонија и Република Албанија истовремено ...

Read More »

МАНУ: Чуповски и Ристовски се значајни ликови од историјата на Македонија

Димитрија Чуповски и Блеже Ристовски се значајни ликови од нашето минато кои остануваат понатаму да бидат едни од најважните репери за нашата историја и колективна меморија. Овие два лика прават една моќна симбиоза на двајца проучувачи на една иста тема – Македонија и македонскиот народ. Нивното дело го покажува патот на развојот и еманципација на македонската историја, историската свест и ...

Read More »

Николоски: Уставни измени под бугарски диктат ни пред ни после избори нема да има, ВМРО- ДПМНЕ нема да дозволи

„Година ипол трае оваа приказна и уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има. Ова е затворено прашање“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „Радио Слободна Европа“. „Го затворивме тоа прашања, уставни измени нема да има. Беспредметно е воопшто да влегуваме во тези и хипотези кои што единствена цел имаат да се замајува јавноста од ...

Read More »

Министерот за надворешни работи Османи во Камерун учествуваше на 44-та Министерска Конференција на франкофонијата

Во присуство на Министрите за надворешни работи од земјите членки на Меѓународната организација на франкофонијата, Османи истакна дека оваа конференција е уште една можност за организацијата да ги потврди своите вредности кои ги негуваме и сакаме да ги промовираме. “Македонија е длабоко убедена дека Франкофонијата претставува семејство на нации кои, обединети околу францускиот јазик, исто така споделуваат заеднички аспирации за ...

Read More »