Македонија

Православните христијани го слават Бадник

Православните христијански верници го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. ...

Read More »

Божикна каланда третата верзија на „Вечниот Бог“ (ВИДЕО)

Граѓанското здружение „Бадникови поворки“, кое години наназад макотрпно се труди за разубавување на празничната атмосфера за празникот на светлото Рождество Христово – Божик и за негово достоинствено прославување во духот на православната традиција, и оваа година на македонската јавност ѝ подари уште еден прекрасен спот со најпознатата. Со најголема љубов и доверба, Ви го подаруваме спотот за третата верзија на ...

Read More »

Денеска е Св. Наум Охридски: Исцелител и просветител на македонскиот народ

Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што ...

Read More »

Македонија на чело на најголемата светска регионална безбедносна организација – ОБСЕ

Од 1 јануари 2023 година, Македонија официјално го започнува претседавањето со ОБСЕ – најголемата светска регионална безбедносна организација  која опфаќа 57 држави учеснички од Америка, Европа и Азија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе претседава со оваа важна мултилатерална организација која работи на сеопфатни аспекти на безбедноста поврзани со политичко-воената, економско-еколошката и хуманата димензија. Преку својот уникатен пристап ОБСЕ ...

Read More »

Брза лента на македонските аеродроми за успешни луѓе од дијаспората што имаат „МКарта“

  Истакнати личности од земјата кои живеат во странство, добиваат можноста за користење „брзa лента“ на аеродромите во Скопје и Охрид кога влегуваат во земјава, како носители на МКарта. Во моментов неа ја имаат 69 наши државјани од дијаспората, меѓу кои научници, лекари, бизнисмени, културни работници, информираат од Министерството за надворешни работи -МНР, откако министерот Бујар Османи и официјално го ...

Read More »

Македонија го презема претседателството со ОБСЕ

Под слоганот „За луѓето се работи“, фокусот на македонското претседавање со ОБСЕ годинава, ќе биде ставен врз хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност. Претседавачот Бујар Османи најави дека, војната во Украина останува врвен приоритет, а ќе се фокусира и на намалување на тензиите, обновување на довербата, просперитетот и севкупната безбедноста на луѓето. Османи вели и ...

Read More »

Мојсова-Чепишевска: Македонскиот збор уште посилно да одекне низ светот

  Дали направивме доволно оваа година, најверојатно ќе покаже времето пред нас, но знаеме дека го сторивме сето она што можевме не само за да се раскажува и покажува нашата приказна, туку и за да се случи нејзино следно поглавје. За тоа поглавје ќе работиме и во 2023 година. Силна е желбата повторно да се отвори Лекторатот по македонски јазик ...

Read More »

Претседателот Стево Пендаровски преку видео-врска се обрати на годишниот Амбасадорски совет

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видео-врска се обрати пред амбасадорите и шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, во рамки на годишниот Амбасадорски совет, кој се одржува во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Претседателот Пендаровски во своето обраќање направи кус осврт на состојбите на внатрешно-политички план оваа година, посочувајќи на економските предизвици и енергетската ...

Read More »

Собранието на Македонија го донесе Буџетот за 2023 година

Собранието попладнево, со 56 гласови „за“, 30 „воздржани“ и еден „против“ го донесе Дополнетиот буџет за 2023 година. Министерот за финансии Фатмир Бесими пред гласањето за Буџетот се заблагодари на сите кои учествуваа во дебатата која според него дала резултати и посочи дека се прифатени неколку амандамни. Според Бесими, Буџетот е реален и развоен, заснован на златното правило во јавните ...

Read More »