Македонија

Македонското МНР со вербална нота до МНР на Бугарија за изјавите на пратеникот Костадинов

По повод изјавите на пратеникот и лидерот на политичката партија „Вазражадане“, г-дин Костадин Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која ...

Read More »

Министерството за надворешни работи ја осудува содржината на Декларацијата на Советот на Општина Благоевград

Во врска со Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, Министерството за надворешни работи на Македонија ги осудува непримерните квалификации во содржината кои се однесуваат на македонскиот народ. Очигледно е дека ваквите декларација се во спротивност на интенцијата на двете Влади за градење доверба меѓу народите на двете земји, и со духот на Договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел ...

Read More »

Македонија: Министерството за надворешни работи упати вербална нота до Софија, поради изјавите на европратеникот Џамбаски

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, преку својата Амбасада во Софија, упати вербална нота, со која изрази крајно незадоволство од неодамнешните јавни изјави на членот на Европскиот парламент и ко-претседател на политичката партија ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски. Џамбаски во повеќе наврати изразува иредентистички и територијални претензии кон Република Македонија и упатува тешки навреди кон угледот на високи државни претставници на ...

Read More »

Македонија се сеќава: 15 години од смртта на Тоше Проески

На денешен ден пред 15 години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. И годинава 12 маратонци го трчаат 15-от ултра маратон во чест на Тоше Проески. Маратонот почна завчера од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, ќе пристигнат во Крушево. Се очекува маратонците ...

Read More »

Канонизиран е новиот македонски светител Кирил Лешочки ќе се празнува на 25 март

По вчерашната Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, денеска со Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ продолжи процесот на прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки. Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) г.г Стефан во сослужение со архиереите на Светиот Архерејски Синод (САС) чиноначалствува со службата. Пред олтарот во црквата е ...

Read More »

Советот на ЕУ го одобри потпишувањето на договор за Фронтекс со Македонија

Советот на ЕУ денеска ја усвои одлуката за потпишување на договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Договорот за гранично управување, инаку познат како Фронтекс, беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на зборовите македонски јазик. Софија денеска дефинитивно го крена ветото, оставајќи ја формулата македонски јазик недопрена, како што е случај ...

Read More »

Македонците низ светот обединети за празникот 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор

Единаесетти октомври, Денот на македонското востание и на Народноослободителната борба, беше одбележан низ целиот свет, секаде каде што има Македонци, со јасни пораки за значењето на празникот, антифашистичката борба на македонскиот народ, НОБ и револуцијата, кои се втемелени во државноста и во она што денес се нарекува независна и суверена Македонија. Единаесетти октомври се чествува како државен празник во Македонија, ...

Read More »

Министерот за правда Никола Тупанчески, оствари средба со министерот за правда на Албанија, Улси Мања

Министерот за правда Никола Тупанчески и заменик министерот за правда Агим Нухиу кои се во дводневна посета на Тирана остварија средба со министерот за правда на Република Албанија, Улси Мања. На заедничката прес конференција Тупанчески и Мања информираа за реформите во правосудниот систем на двете држави, процесот на пристапни преговори за членство во ЕУ. Министерот за правда Тупанчески рече дека ...

Read More »

Советот на Европа усвои резолуција за поддршка на европската перспектива на Западен Балкан

Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска усвои резолуција за поддршка на европската перспектива на Западен Балкан, повикувајќи на нов поттик во процесот на проширување на ЕУ и барајќи од Западен Балкан веднаш да се справи со клучните предизвици со кои се соочува. На пленарната седница во Стразбур, како што пренесува МИА, за усвојување на резолуцијата гласаа 134 пратеници, тројца ...

Read More »

Министерството за надворешни работи апелира до сите државјани на Македонија да не патуваат во Иран

Министерството за надворешни работи апелира до сите државјани на Република Македонија да се воздржат од патување во Иран, поради масовните и насилни протести во различни делови од земјата, а особено во Техеран. Воедно, доколку наши граѓани во моментот се наоѓаат на територијата на Иран, Министерството за надворешни работи ги повикува да останат на безбедни локации, да избегнуваат јавни собири и ...

Read More »