Македонија

Германија против раздвојувањето на Скопје и Тирана

Германија е против одвојување на Скопје и Тирана и покрај барањата на албанскиот премиер Еди Рама неговата земја сама да продолжи во процесот на пристапување поради блокадата на Македонија. Амбасадорката на Германија во Македонија Анке Холштајн е децидна дека и двете кандидатки до крајот на годинава треба да ги почнат преговорите. Актуелната ситуација со Украина покажа дека политиката на проширувањето ...

Read More »

Проблемите што ги отвора Бугарија не и припаѓаат на Европа во 21 век, вели германска дипломатка

Дали некој зборува македонски или бугарски јазик, не е тема која треба да се отвора во цивилизирана Европа, порача германската дипломатка Шуц во Скопје. Македонски дипломат вели дека јуни е клучниот месец за земјата. Во цивилизирани демократски држави не може да се дискутира дали некој зборува македонски или бугарски, вели Сузане Шуц, директорка за земјите од Западен Балкан при Министерството за надворешни ...

Read More »

Wizz Air претстави 2 нови и реотвара 7 рути од Македонија

Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, денеска најавува постепено повторно отворање на 7 линии и воведување на 2 нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во 7 земји, почнувајќи од март и мај. Местата за повторно отворените рути се веќе достапни онлајн на wizzair.com и преку мобилната апликација од дури 19,99 евра*. Македонците повторно ќе можат да летаат ...

Read More »

Јавен повик за ангажирање на експерти како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Македонија – Албанија

Министерството за локална самоуправа од Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи од  Албанија, објавија оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на комкпанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охридското езеро, како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Македонија – Албанија Повеќе информации за оваа активност ...

Read More »

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Брисел учествуваше на средба со Групата „Пријатели на Македонија” во Европскиот Парламент

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Брисел учествуваше на средба со Групата „Пријатели на Македонија” во Европскиот Парламент. Османи за време на средбата  се осврне на актуелниот момент во односите меѓу Европската Унија и Македонија и изрази благодарност за поддршката и конструктивниот пристап на Европскиот парламент во процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија, рефлектирана преку бројните ...

Read More »

Епископот Партениј: Ако гори црквата, нека изгорам и јас! Останувам овде да му се молам на Господ!

Во далечната 1948 година, со декрет беше укинат монашкиот и црковен живот во славното македонско духовно древно светилиште „Св. Јован Крстител“, познато и како Бигорски манастир. Тоа беше претворено во интернат за воени питомци, а потоа манастирот беше сосема напуштен, оставен на забот на времето, а потоа, за жал, и претворен во штала од некои локални жители… Дури некаде во ...

Read More »

Ориѓански: Македонија и Албанија одат заеднички пат, но мора подобрро да се знаеме и помагаме

„Долго време, релациите меѓу Македонија и Албанија беа некако замрзнати и оптоварени со предрасуди, наследени од југословенско-албанските времиња. Денес имаме нов момент. Двете земји чекорат по заеднички пат, двете земји се членки на НАТО и чекаат пред вратите на Европа. Ние мора да се запознаеме и да си помогнеме. Овој процес бара време и работа. Полека, но сигурно, започнавме вистински ...

Read More »

Николоски-Дукс: Унгарија со силна поддршка во процесот за почеток на преговори за Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска во Собранието оствари средба со амбасадорот на Унгарија Ласло Иштван Дукс. На средбата, како што соопшти Николоски, изразил благодарност на силната поддршка на Унгарија во процесот на европската интеграција на државата и особено за почеток на преговорите за пристапување во Европската унија. Го информирав амбасадорот за активностите на Националниот совет за евроинтеграции преземени во ...

Read More »

Струга и Поградец со заеднички проект ќе го развиваат туризмот

Развој на туризмот преку промовирање на културното наследство и културните вредности во општините Струга и Поградец е целта на проектот „Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство – Култур“ што го спроведуваат двете општини со финансиска поддршка од Европската унија. За подобра координација и реализирање на активностите се одржа средба на градоначалниците на Струга и Поградец, Рамис ...

Read More »

Министерката за култура на Македонија Бисера Костадиновска-Стојчевска се сретна со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити

Во Тирана, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се сретна со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, при што главна тема на разговорот беше работата на Меѓудржавниот комитет за управување со Охридскиот Регион. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е во дводневна работна посета на Република Албанија. Во Тирана, министерката Костадиновска-Стојчевска се сретна со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, при ...

Read More »