Македонија

Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски, врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, од Уставот на Македонија денеска му го врачи мандатот за состав на Владата на Димитар Ковачевски, претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. „Врз основа на член 84, став 1, алинеjа прва од Уставот на Македонија и известувањето за предлогот за мандатaр доставено од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а поддржано од политичките партии во состав ...

Read More »

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Пендаровски преку видео-врска разговараше со припадниците на Армијата распоредени во мировните мисии

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска преку видео-врска разговараше со припадниците на Армијата, распоредени во мировните мисии КФОР во Косово, Алтеа во Босна и Херцеговина, ЕУТМ-РЦА во Централноафриканската Република и УНИФИЛ во Либан. Во текот на разговорот припадниците на мисиите го информираа претседателот Пендаровски за нивните должности и начинот на нивното извршување, за тековните активности, за ...

Read More »

Филм посветен на солунските браќа “Св. Кирил и Методиј – Словенски Апостоли” снимен од чешка продукција (ВИДЕО)

Филм посветен на солунските браќа “Св. Кирил и Методиј – Словенски Апостоли” историска драма за великите словенски просветители и рамноапостоли “Свети Кирил и Методиј”. Филмот става акцент на главниот ривал на светите Константин и Методиј, свештеникот предавник Еибен, кој дискретно повлекува конци, дејствувајќи како двоен агент и средновековен лобист. Сржта на пораката на филмот е дека Европа и европските држави нема ...

Read More »

Руски документарен филм „Една вера, еден јазик” татковина на словенската азбука е Македонија (ВИДЕО)

„Една вера, еден јазик“ е насловот на руски документарен филм, татковина на словенската азбука е Македонија, се вели во документарниот филм снимен со помош и на амбасадата на Русија во Македонија. Во филмот Бугарија е избришана од картата на словенската култура, а се вели и тоа дека браќата Кирил и Методиј немаат никаква врска со Бугарија, која не е ни претставена ...

Read More »

Македонија и Албанија – 28 години дипломатски односи

Дипломатските односи меѓу Македонија и Албанија, се воспоставени на 24.12.1993 година. Билатерална договорна рамка: Склучени договори предмет на ратификација „Протокол за соработка во областа на безбедноста меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за јавен ред на Албанија и Националната информативна служба на Република Албанија“ склучен во Скопје, на 5 јуни 1992 година. во сила од 28 март 1998 ...

Read More »

Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија: Македонија во преговорите со Бугарија да не отстапува од темелниот национален интерес и идентитет на Македонците

Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 23 декември 2021 година, разгледа повеќе прашања од црковниот живот, при што посвети посебно внимание на актуелните прашања што се однесуваат на преговарачкиот процес со Република Бугарија. САС на МПЦ – ОА апелира до надлежните државни фактори, да се придржуваат ...

Read More »

Годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието

Почитувани граѓани, почитуван претседател на Собранието, Почитуван премиер, почитувани пратеници, почитувани министри, ценети гости, Ваши Екселенции, претставници на медиумите, Дозволете ми, на самиот почеток, да ве повикам да им оддадеме едноминутна почит на нашите сограѓани кои ги изгубија своите животи во сообраќајната несреќа во Бугарија, во пожарот во модуларната болница во Тетово и на сите оние кои оваа година настрадаа ...

Read More »

Мицкоски на средба со Клеменс Која, Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, оствари средба со Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, господин Клеменс Која. На средбата претседателот Мицкоски беше разговарано за повеќе теми меѓу  кои и загрижувачката економска состојба во која се наоѓа земјава. Економските пакети кои Владата ги донесе во изминатиов период беа неразвојни и недоволниз а да одговорат на потребите на ...

Read More »

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Големото национално собрание на  Турција, Мустафа Шентоп, кој престојува во посета на Македонија. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Турција, при што беше оценето дека тие се развиваат во духот на традиционално пријателство и партнерство, преку соработка во сите сфери од заемен интерес и преку реализација ...

Read More »

Роберт Кох Институтот од Германија ја стави Македонија на зелената листа за патувања

Роберт Кох Институтот во петокот попладне ја ажурираше својата листа на ризични области со ограничувања за влез во Германија и ја стави Македонија на т.н безбедна листа, односно Македонија не се смета повеќе за ризична област, со што се дозволува неограничен влез за државјаните на Македонија во Германија, од 19 декември 2021 година, 00:00 часот наутро. Со тоа секој македонски ...

Read More »