Македонија

Светскиот Македонски Конгрес го осудува агресијата на бугарија за асимилација на Македонците во Албанија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува огорченост од престојната посета на бугарската министерка за надворешни работи и вицепремиер Екатарина Захариева на Албанија, во рамките на балканската турнеја во која што ќе патува и во Белград, Подгорица, Приштина и Сараево, при што официјално ќе побара властите во Тирана да признаат “бугарско малцинство“ во трите региони Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, каде ...

Read More »

Претседателот на Владата на Република Македонија оддаде почит на претседателот Борис Трајковски, на спомен обележјето во Ротимље

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со неговиот домаќин во Сараево, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, положија цвеќе на спомен обележјето каде што загина претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски. „Претседателот Борис Трајковски беше миротворец. Овде сме да изразиме почит кон она за што тој се заложуваше, а тоа е мир, ...

Read More »

69 години од прогонството на децата бегалци од Егејска Македонија во граѓанска војна во Грција 1946 – 1949 година

  Во организација на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, на денот на големиот подвижник, Преподобниот Свети Сисое Велики, заштитник на децата, се одржа традиционално полагање цвеќе на Споменикот на децата бегалци во Паркот Жена Борец во Скопје, карши Собранието на Македонија, за помен и спомен на 69 години од прогонството на децата Македонци од Егејскиот ...

Read More »

Заеднички македонско-албански полициски патроли во Струга

Полициите од Република Македонија и Република Албанија, денеска, во полициската станица во Струга, официјално, на пригодна свеченост, ќе бидат промовирани заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од Министерствата за внатрешни работи на двете земји.   Од друга страна,  децении и децении се најавува бродска линија од Охрид до Поградец, на албанската страна на Охридското Езеро.Пред неколку дена, на истата ...

Read More »

Прв медал за македонскиот хемиски олимписки тим

Македонскиот хемиски олимписки тим се закити со бронзен медал на 49-та Интернационална хемиска олимпијада 2017  која се одржа во Натхон Патхом, Тајланд. Ова е најдобар резултат досега, а бронзениот медал го освои Филип Трајковски, ученик во скопската гимназија „Раде Јовчевски- Корчагин“. Во тимот се и учениците Антонио Андоновски, исто така од Корчагин и Магдалена Златанова од „Јахја Кемал“, Струмица и ...

Read More »

Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп ќе ја посети Република Македонија

Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп ќе престојува во Република Македонија, во рамки на нејзината посета на Источна Европа планирана од 9 до 15 јули. Ма време на посетата, Бишоп, како што се најавува на официјалната веб страница на австралиското МНР, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претставници на ...

Read More »

Началникот на Генералштабот на АРМ во официјална посета на војската на Црна Гора

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски во рамка на активностите на тридневниот престој во Црна Гора во текот на денешниот ден оствари средби на највисоко воено ниво во Министерството за одбрана и Генералштабот на војската на Црна Гора. По приемот со високи воени почести, генералот Величковски имаше средба со началникот на генералштабот на војската на ...

Read More »

АРМ на меѓународната вежба „Сајбер гардијан 2017“

Вежбата која е во организација на Командата на Армијата на САД за Европа, ќе се изведува на територијата на Унгарија, Романија и Бугарија.Припадници на Армијата на Република Македонија од 11-ти до 20-ти јули ќе учествуваат на големата меѓународна вежба „Сајбер гардијан 2017“. Вежбата која е во организација на Командата на Армијата на САД за Европа, ќе се изведува на територијата ...

Read More »

Земјотрес со јачина од пет степени го стресе Охрид почувствуван и низ Македонија

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала попладнево околу 13.18 часот го стресе охридскиот регион, а беше почувствуван и низ Македонија. Ова се неофицијални информации кои не се потврдени од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Епицентарот на земјотресот е на пет километри од Косел во близина на Охрид. Во охридско во последните две недели беа почувствувани над 800 земјотреси.

Read More »

Мерцедесот на Тито се чува во гаража во МТВ

   Автомобилите на Мерцедес отсекогаш со себе носеле почит, статус и луксуз, барем до почетокот на 90-тите години од минатиот век и појавата на „народните“ модели со сребрената ѕвезда. Сепак, и тука имаше јасно разграничување – на мерцедеси за „рајата“ со пари (кај нас гастарбајтерите што се враќаа од Западот), и оние од највисоката класа, моделите во ограничени серии и ...

Read More »