Македонија

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи оствари средба со министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи денеска оствари средба со министерот за одбрана на Република Албанија, Нико Пелеши, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На пленарниот состанок на делегациите беа разменети мислења за билатералните односи, со фокус врз соработката и сојузништвото во рамките на Северно-Атлантскиот сојуз, при што взаемно беше нагласено дека Македонија и Албанија ...

Read More »

Средба на министерката за одбрана, Шекеринска со албанскиот министер за одбрана Пелеши

На покана на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во прва официјална посета на Македонија престојува албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши. Министрите Шекеринска и Пелеши на средбата во Министерството се согласија дека Македонија и Албанија како земји – сојузнички во Алијансата денес се соочуваат со поголем потенцијал и можности за развој на соработката. Во тој дух, министрите се согласија ...

Read More »

Лајчак: Да започнат преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија

Потребата Македонија и Албанија веднаш да започнат пристапни преговори со Европската унија, ја истакна специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, за време на неговото учество на шестиот „Thessalonik summit“ во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. За мене прашањето не е дали, туку кога, а како прв чекор, би препорачал да започнат, без задоцнување, пристапните ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски остварија средба со Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт од САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија средба со Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ) од САД. Претседателот Мицкоски го поздрави ангажманот и соработката на НДИ со ВМРО-ДПМНЕ и изрази подготвеност за продолжување и унапредување на досегашната соработка се со цел зајакнување на ...

Read More »

Македонија – Албанија гранични контроли со едно застанување

Владата денеска го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли. Според текстот на законот, станува збор за гранични контроли со едно застанување (One-stop shop), и поедноставени постапки, кои се спроведуваат на еден заеднички граничен премин. Концептот на заеднички гранични ...

Read More »

Мисијата на ОБСЕ во Скопје подготви онлајн курс за дигитална безбедност за новинарки

За да им помогне на жените во медиумскиот сектор да развијат пристапи за дигитална безбедност што ќе ги направат побезбедни на интернет, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Македонија го лансираше својот онлајн курс за дигитална безбедност. Курсот се фокусира на конкретни предизвици со кои се соочуваат новинарите и онлајн и офлајн, вклучувајќи закани, говор на омраза, вознемирување, заплашување, клевета и други ...

Read More »

Претседателот Стево Пендаровски на Светскиот лидерски самит за климатски промени во Глазгов

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре во Глазгов ќе учествува на Светскиот лидерски самит во рамки на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26). Претседателот Пендаровски ќе присуствува на отворањето на самитот и ќе се обрати на пленарната сесија на собирот, а ќе присуствува и на приемот што за лидерите учесници на самитот ќе го приреди премиерот на Обединетото ...

Read More »

Арсовска прогласи победа: Скопје по 30 години за првапат добива жена градоначалник

Благодарам што одбравте да верувате на човечноста, што истакнавте дека сте против црните кампањи и што ми ја дадовте вашата доверба во следните четири години да го водат градот Скопје, ова вечерва преку прес-конференција го истакна новиот градоначалник Данела Арсовска. По тешки битки ако можам така да го наречам во оваа кампања мој противник не беше само стариот градоначалник, туку ...

Read More »

Зоран Заев поднесе оставка од премиерската функција и од лидер на СДСМ

Зоран Заев на вечерашната прес-конференција го призна поразот на локалните избори и објави дека поднесува оставка и од функцијата премиер и од претседател на Социјалдемократскиот сојуз. Во обраќањето рече дека од името на СДСМ им ја честита победата на противниците и ја презеде одговорноста за резултатите на изборите. „Им честитам на сите градоначалници. Сакам да споделам разочараност кај мене и ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победи во 12 општини во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ издвојува убедлива победа во Охрид, Брвеница, Радовиш, Гевгелија, Зелениково, Битола, Василево, Ресен, Ново Село, Чешиново, Конче и Лозово. Данела Арсовска инаку има и убедливо водство во градот Скопје.

Read More »