Свет

Од утре нови правила за патување во ЕУ, ова се најважните промени

Пред една недела Европскиот совет усвои препорака за координиран пристап за олеснување на безбедното и слободно движење за време на пандемијата на Ковид-19. Притоа предвид се зедоа значителното зголемување на стапката на вакцинација и брзото воведување на ковид-сертификатите, па се заменува досегашната важечка препорака. Препораката ќе стапи во сила на 1 февруари 2022 година, истиот ден како и актот за ...

Read More »

Полицајци убиени за време на рутинска сообраќајна контрола во Германија

Полицаец и полицајка биле застрелани синоќа додека биле на рутинска патрола во западна Германија. Во моментот на убиството, тие вршеле рутинска сообраќајна контрола околу 4:20 часот во близина на Кусел, соопшти полицијата во Кајзерслаутерн. Полициските службеници успеале да повикаат помош преку радио врската, но кога пристигнало засилување веќе не можеле да им помогнат. Напаѓачите веднаш по пукањето побегнале од местото ...

Read More »

Европската агенција за лекови ја одобри антиковид таблетата на „Фајзер“

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска ја одобри таблетата на производителот „Фајзер“, која се продава под името „паксловид“ и ќе стане првиот орален антивирусен лек против оваа болест одобрен во Европската Унија. „Паксловид е првиот орален антивирусен лек препорачан во ЕУ за третман на ковид-19“, соопштуваат од ЕМА. Истражувањата покажале дека лекот значително ги намалува хоспитализирањата и смртноста кај пациенти ...

Read More »

Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот

Секоја година на 27 јануари, УНЕСКО му оддава почит на споменот на жртвите на Холокаустот и ја потврдува својата непоколеблива посветеност да се спротивстави на антисемитизмот, расизмот и другите форми на нетолеранција што може да доведе до насилство. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш деновиве го осуди повторното заживување на антисемитизмот и ги повика луѓето ширум светот одлучно да се ...

Read More »

Русија, Иран и Кина со заеднички воени вежби

Русија, Иран и Кина ќе одржат заеднички поморски вежби на северот во Индискиот океан на 21 јануари, објавија иранските медиуми. Објавата следува по шпекулациите дека трите земји се здружуваат соочени со зголемениот притисок од САД и нивните сојузници околу Украина и европските безбедносни гаранции.Портпаролот на иранските вооружени сили изјави за полуофицијалната новинска агенција ИСНА дека целта на вежбите е да ...

Read More »

Адис Ахметовиќ е новиот известувач на Бундестагот за Западен Балкан

Адис Ахметовиќ, по потекло од БиХ, е новиот известувач на Бундестагот за Западен Балкан. Неговата главна аспирација, вели тој, е да ја искористи својата функција за стабилизирање на регионот. Фактот дека моето семејство доаѓа од Босна и Херцеговина отсекогаш сум го гледал како предност и како своевидно збогатување“, вели Ахметовиќ за „Дојче веле“.

Read More »

САД и Русија денеска почнуваат со преговори за ситуацијата во Украина

САД и Русија денеска во Женева ќе започнат разговори за растечките тензии околу Украина, при што Москва бара нов сеопфатен безбедносен аранжман со Западот, но се соочува со силен притисок да ги повлече силите. Преговорите на високо ниво ја отвораат дипломатската недела во која Русија ќе се сретне со НАТО и Организацијата за европска безбедност и соработка, а САД се ...

Read More »

Полска го презема претседавањето со ОБСЕ

Полска денеска го презеде едногодишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) со седиште во Виена. Шефот на полската дипломатија Збигњев Рау најави дека во фокусот на претседавањето на Варшава со организацијата која покрива земји од Ванкувер до Владивосток ќе бидат основните задачи на ОБСЕ. Претходно, Рау најави дека Полска ќе се фокусира на поддршка за решавање конфликти и ...

Read More »

САД бараат од Бугарија да престане продажбата на пасоши за да се укинат визите

Нема укинување на визите за бугарските државјани сѐ додека не престане праксата во Бугарија за издавање на таканаречените „златни пасоши“ или издавање пасоши преку корупција или измама. Освен за бугарите тоа се однесува и за граѓаните на Романија и Кипар. Ова се наведува во извештајот на Европската комисија за напредокот на преговорите со Вашингтон за правото на сите европски граѓани ...

Read More »