Свет

Шведска ја прекина истрагата против Асанж

  Овој ден е важна победа како за мене, така и за системот на ОН за гарантирање на правата на човекот, изјави основачот на Викиликс, Џулијан Асанж од балконот на еквадорската амбасада во Лондон , откако Шведска ја прекина истрагата против него што ја водеше под обвинение за силување, пренесоа француските медиуми. Асанж, меѓутоа, подвлече дека неговата правна битка не ...

Read More »

Министерството за одбрана на Русија панорамско видео од парадата на Победата (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Руска Федерација објави  видео запис од генералната репетицијата на парадата на Победата на Црвениот плоштад во Москва на 7 мај во формат од 360 степени, соопшти одделот за информација и масовни комуникации на рускиот одбранбен ресор.  

Read More »

Судири во Атина (ВИДЕО)

  Во Атина избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата во позадина на протестите против гласањето за мерките кои предвидуваат намалувања на пензиите и даночните олеснувања во земјата. Според локалните медиуми, демонстрантите фрлале молотови коктели и други предмети против органите на редот, кои возвратиле со солзавец. Ова е втор ден на протести против економските реформи, кои се очекува да бидат изгласани ...

Read More »

Заменик шеф на руската дипломатија Анатолиј Антонов за нов амбасадор на Русија во САД

  Комисијата за надворешна политика на руската Државна дума денеска ја одбори кандидатурата на актуелниот заменик шеф на руската дипломатија Анатолиј Антонов за нов амбасадор на Русија во САД. Антонов, кој е дипломат од кариера, по повеќе години служба во мисиите на Русија во странство, од 2011 со 2016 година беше руски заменик министер за одбрана, по што лани беше ...

Read More »

Трамп: Имам апсолутно право да споделувам информации со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го бранеше своето „апсолутно право“ да споделува информации со Русија, што следи по расправијата во САД во врска со доверливи материјали. Трамп на Твитер напиша дек споделил „факти поврзани со тероризмот и безбедноста во авионите“, со што сакал Русија да стори повеќе против таканаречената Исламска Држава. Тој минатата недела во Белата куќа се сретна со рускиот ...

Read More »

Премиерот на Унгарија: Безбедноста на Европа и на Унгарија во голема мера зависи од Турција

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан рече дека безбедноста на Европа и на неговата земја во голема мера зависи од Турција. Орбан кој учествуваше на меѓународнииот форум „Појас и пат“ што се одржа во Пекинг, Кина во изјава за унгарската телевизија се осврна на дискусиите и целите на форумот и рече дека на мергините на форумот имал прилика да се состане ...

Read More »

Изгоре синагога во Њујорк (ВИДЕО)

Еврејска православна синагога ноќеска е уништена во пожар во Њујорк, САД.  Причината за пожарот се уште не е позната, пожарникарите го локализирале пожарот, еврејска православна синагогаод датира од 19 век, кое се наоѓа во југоисточниот дел на Менхетен. Синагогата, која своевремено била собиралиште на најголемата заедница на руски Евреи во САД.

Read More »

Во Косово нови американски сили

Околу 130 американски војници од првиот батаљон со седиште во Тупел, во државата Мисисипи, од 185 полк на авијацијата, ќе бидат распоредени на 10 месеци на Косово во рамки на силите на КФОР. Војниците прво ќе минат подготовки во американски центри во рамки на програма за испраќање на Косово. Нивното ангажирање е дел од поддршката на НАТО операцијата за стабилност ...

Read More »

Русија петти пазар за возила

Русија во април беше петти по големина пазар за возила од Европа, покажуваат податоците на агенцијата Автостат. Освен лесни комерцијални, 119 илјади патнички возила се продадени во Русија во април, што е зголемување од седум отсто во однос на претходната година. Вкупната продажба на автомобили во Русија пораснала 6,9 отсто, на 129,47 илјади во април, како резултат на закрепнувањето на ...

Read More »

Патнички воз кај Солун излета од шини (ВИДЕО)

Најмалку четири луѓе загинаа и пет се повредени откако патнички воз синоќа излета од шини во близина на градот Адендро, на околу 30 км од Солун, Грција и удри во куќа. Во вагонот што излетал од шините имало стотина патници кои патувале од Атина кон Солун, јави АНА. Во несреќата има и повредени. Полицијата соопшти дека засега не е позната ...

Read More »