Декласифицирани документи на ЦИА: Геноцид врз македонците – дел од официјалната грчка политика

 

Во екот на преговорите за името и неоснованите обвинувања за наводен иредентизам од наша страна, декласифицирани документи на ЦИА покажуваат дека грчки функционер во 1953 побарал американска поддршка за прогон на 50.000 Македонци. Повиците за геноцид над македонскиот народ не се само дел од грчките воени дефилеа и разјарениот народ на националистичките протести по улиците на Солун и Атина, туку и дел од официјалната државна политика во не толку далечното минато. Во екот на преговорите за името и неоснованите обвинувања за наводен иредентизам од наша страна, декласифицирани документи на ЦИА покажуваат дека грчки функционер, чие име е цензурирано, во педесеттите години на минатиот век побарал американска поддршка за прогон на 50.000 Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Југославија.

Во документот кој е одобрен за објава на официјалниот сајт на разузнавачката агенција на 30ти септември 2003, се вели дека неименуваниот функционер, најверојатно дел од Владата на фелдмаршалот Александрос Папагос, во 1953 година имал за цел да протера огромен број Македонци, со цел да ја анулира можноста Југословенската република да со право да побара дел од грчка територија побара американска помош да се сондира мислењето на Југославија за трансфер на 50.000 македонци од Грција во Југославија. Тој објасни дека тие луѓе им помагале на комунистите за време на грчката граѓанска војна и дека би претставувале сериозен проблем при евентуална нова војна. Тие исто така сочинуваат основа за барање на делови од Грчка Македонија од страна на Југословенска Македонија“, се вели меѓу другото во депешата.

Во документот кој датира од 25 јануари 1953 се потенцира дека Грците не сакале директно да разговараат со Тито затоа што, како што се вели „тоа би му овозможило да побара малцински права за Македонците во Грција. Како коментар кон крајот на оваа точка од документот, во кој меѓу другото се анализираат и тогашните случувања на Блискиот и Далечниот Исток, се заклучува дека таков потег би бил од интерес за Грците, но биле свесни оти тоа не би било изводливо, затоа што Тито поддржувал „Слободна Македонија“ и дека на тој начин, интегрираната Македонија во рамки на југословенската федерација би изгубила основ да бара дел од грчка територија каде живеат Македонци…
„Трансферот на оваа група би и помогнал на грчката Влада во решавањето на тешкиот проблем со малцинството. Исто така, би отстранил една од примарните пречки во Грчко-Југословенската соработка, бидејќи југословенската поддршка за „Слободна Македонија“ беше една од главните иританти во односите меѓу двете земји. Сепак, проблемот е комплициран од фактот што грчките Mакедонци не се хомогена група ни национално, ниту идеолошки. Понатаму, југословенските лидери се надеваат на евентуална интеграција на Македонија и од таму, би се противеле на губење на понатамошните барања на Грција“, заклучува коментарот. Сепак, иако грчката желба не се исполнила, се уште останува нејасно дали американците воопшто му се обратиле на маршалот Тито по ова прашање./www.alfa.mk
Advertisement