Државниот секретар во МНР Виктор Димовски освари средба со претседателот на Друштвото Горани Македонци во Косово

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, ја предводеше македонската делегација на состанокот на Мешовитата македонско – косовска експертска комисија за отворање на нов Заеднички граничен премин наменет за меѓународен патен сообраќај “Белановце – Станчиќ”, кој се одржа 7 и 8 февруари 2018 година во Приштина.

За време на престојот во Приштина, Димовски оствари средба и со Алберт Вецка, Претседател на Друштвото Горани Македонци во Косово. На средбата Алберт Вецка, Претседател на Друштвото Горани Македонци во Косово го информираше Државниот секретар во Министерството за надворешни работи за состојбата на Македонците во Косово. Секако, во опсегот на неговите надлежности, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, искажа подготвеност да помогне за подобрување на малциските права на Македонците во Косово.