Ексклузивно интервју за весникот “Илинден”: Винче Лорант, Претседател на Сојузната унија за европски националности (ФУЕН)

Весникот “Илинден”: г-дин Винче Лирант, ве молиме да ја кажете вашата кратка биографија за да се запознаат читателите.

Една од првите работи кога се преставуваме во рамките на ФУЕН е да ја кажеме нашата националност и земјата или регионот од каде што доаѓаме – каде што сите ние во ФУЕН припаѓаме на малцинствата. Затоа ќе започнам со следното: Јас сум Унгарец од Трансилванија, Романија. Ние сме едно од најголемите малцинства во Европа, повеќе од 1,2 милиони луѓе, околу 6,5 отсто од романското население. Мојата професионална кариера започна како новинар на програмата на унгарскиот јазик на радиото на јавниот сервис, по што следи уредувачка и менаџерска работа, сето ова пред да се преселам во Брисел, каде што работев со членовите на унгарското малцинство на Романија во Европскиот парламент. Во меѓувреме, како меѓународен секретар на РМДСЗ (организацијата на Унгарците од Романија), се повеќе се вклучив во прашањето за заштита на националните малцинства во ЕУ. Иницијативата за малцинскиот безбедносен пакет (The Minority SafePack) предложена од мојата домашна организација. Скоро по предлагањето, беше поддржана и прифатена од ФУЕН и станав еден од нејзините координатори, а подоцна станав заменик-претседател на ФУЕН. Во 2016 година, имав голема чест и привилегија да станам претседател на ФУЕН, организација која е главен чадор на националните малцинства во Европа.

Весникот “Илинден”: Сигурно ќе биде многу интересно за нашите читатели, како претседател на Федералната унија за европски националности (ФУЕН), може да ја соопштите историјата на ФУЕН?

Историјата на ФУЕН не е кратка, бидејќи организацијата е основана пред точно 68 години, да бидеме попрецизни, на 20 ноември 1949 година, во Палатата де Шајлот во Париз. Истата година беше формиран Советот на Европа. Во раните години во оваа млада, севкупна европска организација, доминираа регионални движења како што се фламанските, бретонските, јужните Тироли, но наскоро станаа чадор организација за автохтони, национални малцинства и етнички групи во Европа. Долго време ФУЕН е организација со членки само од Западна Европа. Тоа се промени со историските промени во 1989 година и падот на Железната завеса. Националните малцинства во Централна и Источна Европа имаа можност да основаат свои организации и да ги искористат сопствените права. Во овие години, ФУЕН инкорпорираше многу нови организации членки и се разви во севропска организација. Денес има 95 членови од 35 држави. ФУЕН имаше одлучувачко влијание врз правните документи на Советот на Европа кои се во сила, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални или малцински јазици. Имаме консултативен статус во Советот на Европа, ОБСЕ и ОН и тесно соработуваме со ЕУ, особено со Парламентот.

Весникот “Илинден”:Г-дине Претседателе, кои се главните проблеми со кои се соочуваат малцинствата во различни европски земји?

Малцинствата во Европа се соочуваат со различни проблеми и предизвици. Поголемиот дел од малцинствата во Западна и Северна Европа се во добра ситуација кога државата ги смета за еднакви граѓани и им нуди еднакви права со мнозинството или во други случаи во овој простор, законската рамка за малцинските права е замрзната. Во меѓувреме, многу држави во Источна Европа не ги нудат дури и најосновните права за нив. Грција или Бугарија дури и не препознаваат дел од нејзините малцинства (необично тоа исто така важи и за Франција), а потоа има луѓе без државјанство, значи лица кои дури не добиле државјанство во земјите каде што живеат. Обезбедените права се разликуваат многу од една земја до друга, дури и почитување на постоечкото законодавство е предизвик во многу земји. Дозволете ни да бидеме реални, во регионот има многу новосоздадени држави со млади и кревки демократии. Воведувањето на нови норми и менување на менталитетот на мнозинството е потребно време и многу инвестиции од двете страни. Значи, би било тешко да се каже дека сите малцинства во Европа се соочуваат со истите проблеми. Но, ова не значи дека немаме заеднички цели: сите ние сакаме да бидеме еднакви, сите ние сакаме заштита за нашиот јазик и култура, сите ние сакаме гаранции дека никој не може да ги одземе нашите права. Ние сакаме да се чувствуваме како дома во нашите земји. За жал, историјата и секојдневните искуства ни покажаа дека не сите европски држави се подготвени за оваа задача. Затоа ние во ФУЕН сметаме дека Европската унија треба да ги сподели надлежностите со земјите-членки во врска со малцинските прашања. Наша европска граѓанска иницијатива, The Minority SafePack има за цел да го постигне ова.

Весникот “Илинден”: Дали Федералната унија за европски националности (ФУЕН) и организациите членки ќе успеат да соберат еден милион потписи потребни за Иницијативата за The Minority SafePack “Вие не сте сами” – еден милион потписи за различностите во Европа? И можете ли да ни кажете нешто за постигнувањата и за тековната работа за да ги постигнете целите на иницијативата?

Кампањата за потпишување на Иницијативата за The Minority SafePack сега е најсилна. Повеќето од нашите членови од целиот свет работат напорно за да ги добијат потребните потписи. И не само тоа: некои земји-членки на Европа – Германија и Унгарија се најважни наши поддржувачи, а во овие земји можеме да сметаме и на мнозинство потписи. Наша европска онлајн кампања, исто така, треба да започне. Ние сме многу уверени дека до април ќе можеме да ги собереме потребните 1 милион потписи.

Весникот “Илинден”: Грција и Бугарија со години ги негираа малцинствата во нивните земји, вклучувајќи го и македонското малцинство. Дали Федералната унија за европски националности (ФУЕН) има планови да интервенира во име на малцинствата во земјите на ЕУ Бугарија и Грција за да ги добијат малцинствата законски признати и прифатени и да се осигураат дека нивните основни човекови права во согласност со законодавството за европско малцинство се почитуваат?

ФУЕН има постојана преокупација за состојбата на малцинствата во Грција и Бугарија. Особено во врска со Грција, каде што имаме неколку организации членки, со многу активни и во Европа, ФУЕН има редовни документи, резолуции, теренски посети, конференции, вклучително и во Атина. Грција сé уште одбива да ги признае етничките малцинства, наместо да презема позитивни мерки, се бори против сите иницијативи со цел признавање на малцинствата, вклучувајќи го и ФУЕН. Сепак, ние ќе продолжиме да интервенираме за Турците од Западна Тракија, Македонци Помаци, Власи во Грција. Во Бугарија ситуацијата е поинаква; имаме само една организација-членка, Ароманиан (влашка), додека најголемото етничко малцинство во земјата се Турците. Имаме политика во ФУЕН: ние дејствуваме за малцинските групи на барање изразено од нивните организации членки. Лесно е да се каже зошто: претставникот на малцинствата знае што е најдобро за сопствениот народ, како би можеле да се решат нивните проблеми, како треба да им се пристапи на властите. Ние дефинитивно не сакаме да направиме повеќе штета отколку добро за малцинствата. Доколку предлозите на нашите членови се засноваат на нашите општи политики, ги подигаме тие теми на меѓународно и европско ниво, но исто така и директно со државните или регионалните власти. Од Бугарија досега немавме такви барања, се сеќавам дека единствената тема беше правото на употреба на мајчиниот јазик во изборната кампања и имавме изјава за поддршка и лобирање во Европскиот парламент.

Весникот “Илинден”: На кој начин мислите дека македонското малцинство во Албанија може преку Федералната унија за европски националности (ФУЕН)да го интернационализира прашањето на правото и неговите слабости со цел да привлече внимание од меѓународните организации кои покриваат прашања поврзани со малцинствата и човековите права?

Главната рамка за наоѓање на добри решенија за заштита на малцинствата се земјите-членки. Понекогаш одбивањето за дијалог и позитивните мерки на властите е толку силно што внатрешното решение не е можно. Во овој случај, интернационализацијата на внатрешните прашања може да биде инструмент за влијание врз националните власти, но, конечно, решенијата треба да бидат усвоени од страна на националните или регионалните власти, иако меѓународниот притисок може да има улога во тоа. Албанија е млада демократија, демократските институции немаат многу судска пракса, а владеењето на правото сé уште има недостатоци, би било добро државата да бара најдобри практики во Европа за да најде вистински решенија. Тоа секогаш ќе биде албанско решение, се разбира, но врз основа на работни решенија од странство. ФУЕН секогаш ќе биде среќен да ги преземе целите на македонското малцинство од Албанија на својата агенда. Треба да биде јасно, кои се целите на македонската заедница, каде ќе им биде потребна поддршката.

Весникот “Илинден”: Дали експертите или професорите блиски до Федералната унија за европски националности (ФУЕН )адекватно помагаат во ефективното остварување на јазичните, образовните и политичките права на македонското малцинство во Албанија, користејќи го домашното законодавство и меѓународните договори што ги анализира албанскиот парламент.

ФУЕН ги претставува интересите на малцинствата и има проширен капацитет на лобирање во европските институции; исто така, има голем број на партнерски институции кои можат да обезбедат дополнителна експертиза. Сепак, решението може да се обезбеди само во Албанија, па предизвикот би бил да се убедат албанската Влада и Парламентот да усвојат законска рамка за малцинствата, вклучувајќи ги и правата за употреба на мајчиниот јазик, образованието на јазикот на малцинствата, да обезбедат политичка застапеност на малцинствата во сите одлуки во врска со нив. ФУЕН може да помогне и да асистира на македонското друштво “Илинден“-Тирана во текот на овој процес.

Весникот “Илинден”: Г-дин Винче Лоран, каква е вашата порака до малцинствата во Европа?

Имам иста желба за сите малцинства во Европа: да бидете свои, горди на вашиот јазик и културно наследство. Никогаш не се откажувајте од борбата за она што е исправно, што е европско, барајте признавање, права и еднакви шанси да го користите вашиот јазик и култура како што има мнозинското население. Користете го вашиот статус во општествата како припадник на малцинските заедници како можност, бидејќи зборувате повеќе јазици, имате своја сопствена култура и имате лесен пристап до културата на вашата матична земја. Сите имате огромен потенцијал да изградите мостови помеѓу различните култури. Користете ја оваа предност во ваша корист! Може да сметате на европската солидарност, педесет милиони Европејци се во иста ситуација како вас, и тие зборуваат малцински јазик во нивната матична земја. Ниевзаемно си помагаме и се грижиме еден за друг. Посакувам се најдобро за Македонците во Албанија.

 

Весникот “Илинден”: Ви благодариме за интервјуто, во име на Македонците во Албанија и во име на сите Македонци ширум светот. Ви благодарам за соработката и ви посакувам лични и професионални успеси.

 

Македонски весник „Илинден“

Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај