Екслузивно: Агендата на посетата на Патријархот московски и на цела Русија, Кирил во Албанија

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил од 28-30 април ке биде на официјална посета на Албанија посета на Албанска Православна Автокефална Црква. Оваа прва историска посета е од особена важност, бидејќи и двете Цркви доживеа жестоко комунистичко-атеистичко прогонство. Во сабота 28 Април на 16:00 часот Поглаварот на Албанската православна афтокефална црква, Анастас Јанулатос во придружба на членовите на Светиот Архиерејски Синод официално пречекување во меѓународниот аеродром “Мајка Тереза” во Тирана, после ке почне официалната литургија во соборниот храм “Воскресение Христово” – во Тирана.

На 29 април, во утринските часови, две поглаварите на црквите ќе држат литургија во соборниот храм “Воскресение Христово”- во Тирана со учество на свештеници на двете Цркви. Подоцна, Албанска Православна Автокефална Црква ќе биде домаќин на официјалниот ручек во хотелот МАК Албани Во попладневните часови, во 18 часот, ќе се организира културна прослава во Културниот центар на соборниот храм “Воскресение Христово”- во Тирана. Ке биде промовирано книгата на Поглаварот на Албанската православна афтокефална црква, Анастас Јанулатос “До краиштата на земјата.” на Руски јазик. Во Божествената Литургија и во свеченото шоу, ќе учествува и Синодскиот хор на Московската Патријаршија. Во неделата вечер, Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, ќе организира официална вечера во палатата на бригадата.

Во понеделникот 30 април, Патријархот московски и на цела Русија, Кирил ќе има официални средби со претседателот на Албанија, и со премиерот Еди Рама, при крај на посетата ќе го посети и манастирот Св. Влаш во близина на Драч и Православната духовна академија “Воскресение Христово”. Заминувањето на Патријархот московски и на цела Русија, Кирил од меѓународниот аеродром “Мајка Тереза” ке биде во 14.00 часот. – стои во сопштението на Албанска Православна Автокефална Црква

 

Advertisement