Екслузивно интервју за Весникот „Илинден”: Или Халилај претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо

Или Халилај роден на 12 декември 1984 година во Требиште областа Голо Брдо. Основното и средно образование има жавршено во родниот крај. Тој е Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тиранa огранок Голо Брдо од 15 декември 2012 година, дописник на Македонски весник “Илинден” за областа Голо Брдо. Или Халилај прeку нaстaпи вo зeмjaтa и нa меѓунaрoдни фoруми сe бoри зa основните човекови права и пoдoбрувaњe нa положбата нa македоннското национално малциство во областа Голо Брдо. Или Халилај и другарите од Македонско друштво “Илиндден”-Тирана и огранок Голо Брдо, мудро, трпеливо и храбро развиваат активна политичка и културна дејност во областа Голо Брдо

Весник „Илинден“: Како ја оценувате положба на Македонците во областа Голо Брдо?

Македонците во облста Голо Брдо живеат во 22 села. Голо Брдо имаше три големи општини кои беа Општина Требиште, Општина Стеблево и Општина Големо Острени кои за жал поради новата територјална поделба ниту една не остана, така да сега Македонците во областа Голо Брдо за едно мало нешто мораат да патуваат дури до општина Булќиза која е два саати далеку

Весник „Илинден“: Со кој проблеми се сочуват Македонците во областа Голо Брдо?

Македонците во областа Голо Брдо се соочуваат со многу проблеми. Едни од најголемите проблеми е не признавањето како Македонци, немање образование на мајчин јазик Македонски се лошата инфраструктура, немање болници и не вработени луѓе

Весник „Илинден“: Дали има Македонци вработени во локални државни институции во областа Голо Брдо?

Секогаш имало вработени Македонци ама за жал вработените Македонци никогаш не смееле да го бранат идентитетот како македонци пошто ако кажеа дека се Македонци одма би биле оттргнати од работа. Како што знаете во Голо Брдо сеуште за жал не не признаваат како Македондко малцинство и така немаме никакво прво како што на пример Македонците во Мала Преспа имаат некои права како Македонско малцинство.

Весник „Илинден“: Кој се напорите што ги прај Македонско друштво “Илинден”- Тирана и огранок Голо Брдо за учење на мајчин македонски јазик за Македонците во областа Голо Брдо знаме со граничниот премин уште не е решено да функционира 24 сати и да биде од втора категорија какви се напорите да функционира 24 и да биде од втора категорија?

Ние како Македонско друштво до сега за да ни дозволат да го изучуваме македонскиот јазик во Голо Брдо сме пратиле 3-4 барања до министерство за образованије на Република Албанија кои за жал на почеток не добивавме никаков одговор за на последното барање истото барање да го пратиме и фо владата, парламентот и народниот правобранител за овој последниот да не повика и на состанок кој јас лично бев и таму добивме голема поддршка и ни вети дека ќе помогне се што може кога ќе се изгласа законот за малцинства во Република Албанија. А за граничкиот премин за да почне да функционира 34 часа и да биде од втора категорија исто така сме праќале барања до албанските институции кои фо сега само ветување ни имаат дадено а ништо не е превземено. Се надеваме за брзо и овој проблем ќе се реши во Голо Брдо пошто преминот работи од 08 до 20 асот летен период а зиме од 08 до 18 часот а подле ова време не може да помине никој, идто така и птоблемот кои ги мачи многу Македонци во Голо Брдо тие што не се родени таму не можат да поминат кај граничкиот премин.

Весник „Илинден“: Како  преседател  на Македонско друштво “Илинден”- Тирана огранок Голо Брдо, кои се вашите идни планови во однос на заштита на интересите на Македонците во областа Голо Брдо?

Ние како огранок на македонското друштво “Илинден”- Тирана и централното дриштбо до седиште во Тирана упорно работиме и се бориме за да постигнеме тоа што нашите браќа Македонци не удпеале да го постигнат. Работиме и бараме што побрзо Република Албанија да не признае како Македонско малцинство и да ни даде право нашите деца да го учат нашиот мајчин Македонски јазик во школите низ Голо Брдо.

Весник „Илинден“: Вашата порака како преседател  на Македонско друштво Илиндден Тирана огранок Голо Брдо до Македонците во областа Голо Брдо?

Нашата порака како Македонско друштво “Илинден”- Тирана огранок Голо Брдо е Македонците во Голо Брдо никогаш да не се плашат повеќе и отворено да си го кажат нивното потекло и нивниот идентитет, ние можеме заедно повеќе да постигнеме и да не им даваме простор на другите да не разпарчат. Во Голо Брдо живееле и живеат само чисти Македонци не постои друго Малцинство во Голо Брдо освен Македонското малцинство.

Македонски Весник „Илинден“                                                                                                                          

Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај

Advertisement