Екслузивно интервју за Весникот „Илинден“: Павле Воскопулос Филипов, член на сектаријатот на партијата на македонското национално малцинство во Грција “Виножито”

 

 

Павле Воскопулос Филипов роден на 25.11.1964 година во Лeрин, егejскиот дел на Maкeдoниja е македонски културнo-нaциoнaлeн дeeц, политичар и архитект по професија. По завршувањето на основното и средно образование во родниот град, студира архитектура на Белградскиот универзитет. Во 1988 година дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград, по што се враќа во родниот град Лерин. Тој е еден од oснoвaчите и член на пoлитичкиoт сeкрeтaриjaт нa партијата на македонското национално малцинство во  Грција  “Виножито”. Пaртиjaтa “Винoжитo“ e члeн нa Eврoпската слoбoднa aлиjaнсa  (EFA) и Фeдeрaлнaтa униja нa eврoпските мaлцинствa (ФУEН). Павле Воскопулос Филипов прeку нaстaпи вo зeмjaтa и нa меѓунaрoдни фoруми сe бoри зa основните човекови права и пoдoбрувaњe нa положбата нa македоннското национално малциство вo Егејска Македонија. Павле Воскопулос Филипов и другарите од „Виножито“, мудро, трпеливо и храбро развиваат активна политичка и културна дејност во Егејска Македонија.

Весник „Илинден“:  Како ја оценувате положба на македонската заедница во Република Грција?

Воскопулос Филипов: Положбата на македонското национално малцинство во Грција може да се гледа од две страни: прво од страна на државата, при што познато е дека нема признавање или основни почитување на малциството. Грчкото “Евангелие” е дека во Грција живеат само Грци, малциства нема. Сепак, има признато само “муслиманско” малциство во Грција согласно Лозанската конвенција помеѓу Грција и Турција во 1923 година. Ништо повеќе, Македонците за официална Грција се Грци славофони, јазик не постои оти “славофони” претставува некој си “идиом” што останал од минатото и од времето на славјанските инвазии и војни. Овие “славофони” граѓани се чистокрвни Грци. Околу овие тези се шири лепезата на грчката анти– македонска идологија од 1913 година до денес. Од македонска гледна точка треба реално се гледат резултатите на агресивната  асимилаторската политика на државата против македонското национално малциство. Македонците имаат трпено многу во минатото од етничко чистење (како на пример за време на Балканските војни и Првата светска војна Кукушко) па до трагедијата на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1948 година. Имаше тортури, затворања, протерувања во минатото. Последните години индиректно има притисок и паралелно, асимилаторска политика, доживува населението. Има окуло 480 села од Костурско до Драмско во кои половина од населението се мешани (донесени христијани од Мала Азија во 1923 година според Лозанската конвенција). Во Грција никогаш немаше попис околу македонското национално малциство после војните. Младите генераци се веќе асимилирани, повеќето од родителите ќутат за доброто на чедата оти ако јавно излезат и се борат на политички или друг начин, автоматски се стигматизира семеството од системот. Се манифестира македонштината претежно преку фоклорни манифестаци и се околу тоа, во зависност секако од средината, селото, луѓето кои што имаат барем минимум македонска свест. Се разбира ова прашање е голем кошмар на грчката држава, но Македонците ќе треба да се разбудат, да се повикаат на своите корени иако се  асимилирани, но и уплашени, и да се изборат за друг статус на македонското малцинство и неговите малциски права.

Весник „Илинден“: Како се организирани Македонците во Грција?

Воскопулос Филипов: Македонско национално малциство во Грција е организирано преку културни друштва. Но, и тоа не е лесно бидеќи има друштва на асимилирани Македонци при македонските села, што сакаат да презентраат нашата традиција и фоклор како грчка традиција. Додека, во други села има културни друштва што веќе македонскиот јазик се манифестира во јавните слави и слично. Има и културни друштва контролирани од државата кои се “неми”.  На пример, Македонско оро сред село ама бес песна само инструментално тоа е вид борба послените години. На политичко ниво познато е дека се делува прекупартијата на македонското национално малцинство во  Грција  “Виножито” сите ове години. Посетуваме меѓународни центри за малциски права, средби со ОБСЕ презентации околу македонското национално малциство и немање права во Грција. Слично направивме и во Советот на Европа, каде одржувавме официјални средби, презентаци, како и во Обеднитите нации во Женева. Паралелно остваруване средби со меѓународни набљудувачи што ја посетуват Грција, а редовно организираме средби во нашите средини. Во нашите краишта учестуваме на разни манифестаци, организираме конгреси во Солун, активни сме во печатењето на весникот „Нова зора“ и негова дистрибуција. Суштината е во тоа што веќе на сите им е јасно дека не е лесно да се омалажува едно сериозно организирано движење или партија. Меѓутоа, асимилаторска политика на Грција практикувана со децении, веќе за жал има резултати,  а друга пречка е политичкиот систем во Грција, кој по секоја цена се обидува да ја маргинализира партијата и да ја преставува како партија на “скопски агенти” во Грција. Плус, тешко може во Грција да има заживување на партијата и движењето бидеќи царува „рушфет систем“ и големите партии ветуваат и претаат кај македонското население. Овде ќе подвлечам дека има безброј извештаи против Грција за непочитување на малцинските права и остри критики за непочитување на бројното македонско национално малциство. Но, ефекти од критиките, нема.

Весник „Илинден“: Дали има жители од македонското малцинство во државни институции?

Воскопулос Филипов:  Македонец, свесен и активист, тешко ќе најдите во државните институци во Грција. Македонец може да работи во државните институци, на пониско ниво и ако успее да се вработи, после независен систем за вработување што важи во Грција последните години, никако не може да биде поставен на директорски позици или на пример, на секој музеј или пак да стане митрополит во Грчката црква. Грција нема доверба во нас дури и ден денес, со оглед на децениските тортури и асимилаторските политики кон македонското население во Егејска Македонија.

Весник „Илинден“: Со кои проблеми се соочува македонската заедница во Република Грција?

Воскопулос Филипов: Проблемите тука кај нас, како што реков и погоре, доаѓаат кога јавно ќе се декларираш. Тогаш нема да ти биде лесно, на пример, ако имаш кафана во Лерин, Егејска Македонија да одлучиш да пушташ македонска музика и песни, автоматски газдата ќе биде етикетиран дека е “Скопјанец”, дека во кафаната го посетуват “скопски агенти”, а системот преку нивните луѓе ќе шират измислици по градот. Грците националисти секако нема да го посетуват местото, а уплашените или асимилираните исто така ќе се плашат да бидат гости. Оој пример го кажувам за да покажам дека е тешко  јавно во Грција да делуваш како Македонец. Тоа би значело, за грчката држава дека работиш против системот.

Весник „Илинден“: Колку ви помага Република Македонија како матична земја?

Воскопулос Филипов: Република Македонија нема што да му помага на малциството, во оваа ситуација кога има предрасуди против Македонците тука. Официјалната грчка политика е против Република Македонија, па замислите да проба македонскта Влада да помогне со нешто. Нема шанси да успее такво нешто и плус, принципиелно нема ни потреба ако е свесно населението тука и државните институци ако се придржуваат на меѓународните стандарти. Во состајба каде ние тука, априори сме “скопски агенти” замислите да има официјални средби или посети на нашите региони од преставници на македонска Влада. Уште повеќе ќе се плашат Грците и ќе си “ја пејат” песната дека Скопјаните се мешат во нашите работи “дека Македонија не е конструктивна држава за добрососетски односи”, познати грчки тези и политики. Најдобро што може да направи Република Македонија е да стани просперитетна, демократска, богата држава во регионот. Замислите Грција да банкротира, а Република Македонија земја членка на ЕУ и НАТО, а Грција надвор од овие меѓународни организаци следните години, тогаш друга приказна ќе биде со Македонците, на грчката држава тоа и е најголем страв.

Весник „Илинден“: Вашата порака до македонскта заедница во Р. Грција?

Воскопулос Филипов: Секогаш ние од партијата на македонското национално малцинство во  Грција “Виножито” им говориме на Македонците, тука, свесни, полусвесни, уплашени, инфериорни, само едно “горе главата”. Минимум достоинство да имаме како луѓе, како граѓани во една држава што најлошо се однесува во однос на почитувањето на малциските права. Да се бориме и да делуваме позитивно за македонската еманципација, тоа ќе биде добро не само за Македонците тука, туку и за сите граѓани. Ова е богаство за секоја држава. Кога се почитуват сите граѓани ќе биде позитивно за сите.

Македонски весник „Илинден“

Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај

 

Advertisement