Експлозија во воена база во близина на Драч

 

Експлозија во воена база во Порто Романо во близина на Драч, соопшти денеска албанското Министерство за одбрана. Експлозијата се случила синоќа во воената база Порто Романо во близина на Драч. Во соопштението на Министерството за одбрна се наведува дека при експлозијата се повредени еден припадник на албанската Армијата и едно цивилно лице вработено во Агенцијата за воздопловство. Двајцата повредени се вон животна опасност, министертвото не соопштува кои се причините за експлозијата.

 

Advertisement