Европскиот парламент го изгласа извештајот за Албанија

Европскиот парламент го усвои извештајот за интеграција на Албанија во ЕУ. Веста ја соопшти пратеникот Таулант Бала од Социјалистичката партија, кој ја предводи албанската делегација.

На Твитер тој напиша дека извештајот го подготвил европратеникот Кнут Флекенштај и ЕП дал поддршка на препораките за отворање на преговори на Албанија со ЕУ.

„Европарламентот со 459 гласови „за“ го изгласа извештајот за 2018 година во полза на Албанија. Извештајот целосно ги поддржува препораките на Европската комисија, со што се дозволува отворање на преговорите“, напиша Бала. Против извештајот гласале 112, а воздржани биле 62 европратеника.