Европскиот Парламент го усвои извештајот за напредокот на Македонија во ЕУ

Европскиот Парламент денеска со 470 гласови – за и 116 – против, го усвои извештајот за напредокот на Македонија во Унијата. Според донесените заклучоци, за Македонија се вели дека има голема посветеност од власта за целосно исполнување на Договорот од Пржино и приоритетните реформи, но истовремено, Европратениците ги повикаа властите во Македонија да ја засилат борбата против перењето пари и конфликтот на интереси, подобро да го заштитат судскиот систем од политичко влијание и да се справат со останатите проблеми околу владеењето на правото, за што се вели дека и натаму е сериозен предизвик за властите.