Федералната унија на европските националности изгласа резолуција поднесена од Македонско друштво „Илинден“-Тирана за правата на Македонците во Албанија 

Федералната унија на европските малцинства (ФУЕН) на 63-от Конгрес што се одржува во Леуварден, Холандија едногласно усвои Резолуција со која ги подржува Македонците во Република Албанија, во барањата за надминување на проблемите, предложена од македонското друштво „Илинден“со седиште во Тирана. Нашето друштво, како официјален член на ФУЕН, го искористи правото да ја достави резолуцијата до Конгресот што се одржува во Леуварден, Холандија. За истата гласаа сите 260 делегати – претставници на 50 асоцијации на повеќе од триесет малцинства од исто толку земји во Европа, -изјави за Македонски весник Илинден,Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и учесник на Конгресот.

Резолуција содржи пет точки во кои стои:

1. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и македонското национално малцинство во Република Албанија бара од албанската влада корекција на Законот за административна поделба и од општините,по три, што функционираа порано во Голо Брдо и Гора да има по една општина и да се именуват општина Голо Брдо и општина Гора. Тоа поради фактот што административна поделба спроведена 2015 година не исполнува ниту еден критериум од оние кои ги постави самата влада, како што се демографски, географски, економски и културни,кои се многу значајни за областите каде живе македонско национално малциство. Згаснувањето на општините во Голо Брдо и Гора го отежнува животот на жителите во двете области, зашто, дури за обичен документ треба да патуват со часови до новите општински центри.

2. Македонското национално малцинство во Република Албанија бара да има загарантирано најмалку еден пратеник во Парламентот на Албанија.

3. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и македонското национално малциство во Република Албанија го осудува амандманот за измената на Извештај за Албанија донесен од Европскиот Парламент за 2016 година што го поднесоа Ангел Џамбаски и Андреј Ковачев. Во точка 24 од извештајот за Албанија со број 2016/2312 (ini) изготвен од Комитетот за Надворешни Работи на Европскиот парламент, со кој македонското национално малцинство во Преспа, Голо Брдо, Гора беше прогласено за Бугарско. Се повикува Европскиот Парламент да ја повлече ова резолуција како срамна и неоснована,зашто во тие регини во сите пописи спроведени во Албанија никој се нема изјаснато како Бугарин.Во тие региони како и на цела територија на Албанија живеат единствено Македонци а не Бугари.

4. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги осудува сите напори што ги прави бугарската држава да докаже дека македонското национално малциство е бугарско тоа е геноцид врз Македонците во Албанија. Бара од албанската влада да превземе мерки да престанат активностите на бугарската влада да ги асимилира Македонците на територијата на Албанија.

5.ФУЕН искажува подршка за сите барања на македонското национално малцинство во Република Албанија и ги осудува сите обиди на бугарската држава да го прикаже македонското национално малцинство како “бугарско”. Резолуција, ФУЕН ќе ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, парламентот и меѓународните институци. Македонско друштво „Илинден” рамноправен член на ФУЕН е од средината на мај 2015 година и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас. На Конгресот присуствувале 200 претставници од 98 членки на ФУЕН од 33 држави од цела Европа.

Advertisement