Франција замрзна имот на иранското разузнавање 

Франција соопшти дека ги замрзнала имотите на иранското Министерство за безбедност и разузнавање, како и на двајца ирански мажи за кои се смета дека членови на разузнавачката служба на земјата. Француската Влада денеска го објави соопштението идентификувајќи едно од лицата како Асадолах Асади, истото име како иранскиот дипломат кој беше уапсен поради наводен заговор за поставување на бомба на иранската опозициска група во Франција. Германскиот суд на 1 октомври одобри Асади да биде екстрадиран во Белгија, каде е обвинет за организирање на заговорот. Асади е акредитиран како советник на иранската амбасада во Виена пред неговото апсење во Германија. Иран негираше постоење на таков заговор. Заменик министерот за надворешни работи Абас Арагчи вели дека наводите имаат за цел да им наштетат на односите меѓу Иран и ЕУ.